Astarta Mama

Astarta Mama Холистичка, природна подготовка за бременост, породување, доење и поврзување со бебе

05/01/2026

Нека оваа празнична сезона ни донесе на сите чиста радост, длабока мудрост, силна љубов и беспрекорно здравје што ќе ги делиме со нашите блиски секојдневно.

Нека ни дари леснотија, брзина и прецизност низ сите наши – професионални и лични – обврски, ангажмани и активности. Во оваа година да му се веселиме на секој ден како на нов почеток и нова можност.

Личен аспект: во 2026 година влегувам со фокус на „леснотијата“. Често мислиме дека за напредок е потребен отпор и тежина, но научив дека кога ја имаме вистинската поддршка, и најтешките препреки можат да се совладаат со чувство на леснотија и тек. На здравје за големи нешта – направени со леснотија. 🥂✨

Даница и тимот на Астарта

#ɴᴇᴡʏᴇᴀʀ2026

30/10/2024

Ја враќаме онлајн Астарта Академијата за раѓање и родителство под водство на Даница И. Лепојевиќ!!! Едукација , коучинг и советување во едно.
Danica Disrupt
🌸
Едуцирајте се, најдете проверени информации, добијте топла и безрезервна поддршка од жена која веќе одела со стотици жени на истиот пат на кој сте сега и вие – како Холистички ментор за раѓање и родителство, едуцирана како психолог, наставничка по јога, дула и советничка за доење, повторно го почнува процесот на едукација и поддршка на своите македонски клиентки.
💝
На барање на жени кои сакаат да се подготват за своето породување и мајчинство, да одговорат на своите прашања и дилеми за бременоста, раѓањето, доењето, поврзувањето со бебето и постпородилниот период и сигурни да зачекорат кон својата нова улога на мајка – повторно ја отвораме едукацијата на која со години Даница работеше.

Затоа што секоја жена и бебе заслужуваат убава родилна, доенечка и мајчинска приказна!
💖
Инфо на 070 216 136 или на [email protected]

Повеќе детали следат!!!


#раѓање #породување #доење

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 17:00 - 22:30
Tuesday 17:00 - 22:30
Wednesday 17:00 - 22:30
Thursday 17:00 - 22:30
Friday 17:00 - 22:30

Telephone

++389 70 216 136

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Astarta Mama posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Astarta Mama:

Share

Грижа по мерка на секоја жена

Холистичка и природна подготовка за бременост, породување, доење и поврзување со бебето. Секоја мајка заслужува да ги знае точните информации и вештини кои ќе и овозможат овие периоди од нејзиниот живот да станат навистина нејзини, извор на убави сеќавања и извор на сила и достоинство.