14/05/2026
🚨🚨🚨Уште еден фемицид. Уште еден изгубен живот. Уште еден доказ дека системот не штити навреме.
Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што се случи во Битола, во кој 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг.
Ова не е изолиран случај. Ова е аларм дека Северна Македонија станува сè понебезбедно место за жените. Загрижувачкиот пораст на фемициди и случаи на семејно и родово базирано насилство покажува дека институционалната заштита е недоволна, реакциите се задоцнети, а ризиците не се препознаваат навреме.
Бараме итна, темелна и транспарентна истрага за случајот во Битола, вклучително и проверка дали претходно имало пријави или сознанија кај институциите. Доколку се утврдат пропусти, мора да има индивидуална одговорност и санкции.
Бараме итни инвестиции во специјализирани сервиси за жртви на насилство низ целата држава, повеќе професионални ресурси во МВР и центрите за социјална работа, како и сериозни превентивни програми во образованието.
Како членки на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство го споделуваме целото соопштение со јавната реакција ⬇️
Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Спор....