Македонија е на Македонците

Македонија е на Македонците Должноста на секој човек е да ја брани и да си ја чува т?

10/04/2026
16/02/2026
01/02/2026
22/10/2025

Ако барате деец со кристално чиста македонска свест и дела во служба на македонската кауза немојте таквата личност да ја барате во некои контраверзни ликови на ВМОРО.
Личноста со бистри и чисти македонски идеи ќе ја најдете во Скопскиот Митрополит Теодосиј (Василиј) Гологанов. Роден на Божиќ 1846та во село Трлис, Драмско.

Неговите дела не биле контраверзни, матни или час тежнеам кон Македонија, час тежнеам кон Бугарија. Еве што конкретно превзел владиката Теодосиј додека бил митрополит Скопски,

Митрополитот Гологанов против бугарската пропаганда презел конкретни мерки. Имено, најпрво го отстранил директорот на скопското училиште, Антон Наследников бидејќи бил Бугарин. Потоа презел дејство за остранување на сите проегзархиски чиновници од црковно-училишната општина преку организирање на нови избори. При изработката на списокот на учители за учебната 1891/92 година, ги остранил имињата на сите учители кои биле родум од Бугарија и ги заменил со Македонци. Сакал да биде отворено словенско одделение при вилаетската печатница во Скопје каде требало да бидат печатени книги на македонски јазик. На крај, ги изгорел сите дукументи од Митрополијата и ги заменил со нови во кои намерно бил изоставен зборот Бугарска егзархија. Овие документи биле печатени на македонски јазик, штипско-велешко наречје.

Во почетокот на октомври 1891 година, за првпат почнал јавно да ја критикува Егзархијата заради посегањето по самостојноста на македонските црковни општини и нејзината великобугарска политика, предлагајќи отфрлање на туѓите цркви – вселенската и егзархиската.

Слава му и благодарност!

Реставрацијата на фотографијата од црно бела техника во боја е авторско дело на Жива е Македониiа

17/10/2025

Денес се поклонуваме пред хероите на МАКЕДОНСКОТО востание од Кресна!

'' 15.000 востаници, кои себеси се декларирале како Македонци, од владиката на Мелник барале финансии, а кога ќе ја ослободеле Македонија ќе му ги вратиле парите, но бидејќи сретствата побарани биле високи, тој избегал во Срес.

Владиката од Мелник е овде, дојден е како и сите други владици да му изрази почит на новиот Патријарх Јоаким, пред да го напушти Солун на пат за Константинопол.

Тој изјавува дека востаниците, коишто себеси се нарекуваат Македонци побарале голема сума пари од него за неговите парохијани, и понудиле да му издадат сметкопотврда, велејќи му дека парите ќе му бидат вратени кога тие ќе си го повратат поседувањето врз својата земја Македонија.

Бидејќи сумата била огромна, и немало како да се исплати, владиката ноќта избегал во Серес...“

Great Britain Foreign Office "Correspondence, etc., respecting the affairs of Turkey, Issues 53-54", London, 1878. pp.228-229.

14/10/2025

Димитрија Димов Чуповски е од оние револуционери кои борбата за Македонија ја водат не со пушка ами со хартија и перо, дипломатија и агитирање во светот за онеправдената и поробена татковина своја Македонија.

Бил посебно близок со својот брат Наце Димов, со Крсте Петков Мисирков, со Петар Поп Арсов (еден од лозарите) и со Ризо Ризов со кои ревносно работеле на македонската кауза.

Димитрија Чуповски починал во Ленинград (Санкт Петербург), на 29-ти октомври 1940 година како турски поданик, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската колонија изработено во 1914 г. На крстот син му му ги напишал зборовите што самиот му ги поставил на брата му Наце:

„ Борец за правото и слободата на македонскиот народ “
По половина век, во 1990 година неговите посмртни остатоци со државни свечености биле пренесени од Ленинград во Скопје.

Неговата предана сопруга Лидија Павловна за него ќе каже:

01/10/2025

Во многу предели низ нашата земја, природата не ја штедела својата дарежливост, уникатност и разноликост на природни пејсажи, кои ја формираат сликата за убавините...

12/08/2025

ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВ

Роден на 27 август 1975 година во Софија, Бугарија.

♟ Бугарски (а, сега македонски) шахист со македонско потекло. Тој е шаховски велемајстор. Станал меѓународен мајстор во 1995 година и велемајстор во 2000 година.

Владимир Георгиев првпат го привлече вниманието на шаховскиот свет во 1992 година, кога заврши втор на Европското јуниорско првенство во шах. Станал бугарски национален шампион во 1995 година и шампион на Македонија во 2007 година.

🏆 Од 2002 година играл за Република Македонија. Во 2004 година завршил втор на турнирот за велемајстори во Киш. Подоцна бил член на Шаховскиот Клуб „БМ Кисела Вода“ од Скопје (2004). Прв настап за Република Македонија имал на Шаховската олимпијада во Блед (2002).
🥈 На Шаховската олимпијада во Калвија (Шпанија, 2004) освоил сребрен медал.
Во 2011 година го изедначил првото-трето место со Максим Туров и Јуриј Вовк на Отвореното првенство на Холандија во Дирен.

♟ Тој е тренер на поранешната светска шампионка во шах за жени, Антоанета Стефанова. Живее со своето семејство во Чикаго.

Георгиев ја напушти Бугарската шаховска федерација и се приклучи на Македонската федерација во 2002 година.

01/08/2025
24/07/2025

ВО ЧЕСТ НА БЕСМРТНИТЕ МАКЕДОНЦИ!

„Како син на Македонци и јас сочувствувам со идејата за слободна и независна Македонија, завештана (оставена како завет) од падналите во борбата дејци во името на истата идеја“. - Атанас Романов

Стрелан на 23 јули 1942 заедно со Никола Вапцаров и Антон Попов, во затворот во Софија од страна на бугарските власти.

Подолу се чита и дека Романов признава дека е член на едно од македонските братства во Бугарија - Кукушкото благотворително братство.

После двата потписа на исказот кој го напишал Романов, најдолу се гледа и потписот на бугарскиот полициски службеник кој го вршел распитот.

Овој исказ на Атанас Романов заедно со поезијата, рефератите, расказите на Никола Вапцаров и Антон Попов, се најголема потврда дека тројцата непокорни револуционери биле Македонци.

23/07/2025

Кога бугарски пропагатор ти вика - “ај докажи дека си Македонец” одговорот треба да гласи - “ај ти докажи дека не си идиот”

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонија е на Македонците posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share