11/05/2026
🤝 Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество оствари средба со локалните организации од Полошкиот регион во Ресурсниот центар во Гостивар.
На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат организациите, потребата од поголема соработка меѓу општините и граѓанските организации, како и за можноста за формирање регионални совети за соработка. Беа отворени и прашања поврзани со финансирањето на организациите, социјалните услуги и регионалните еколошки предизвици.
📌 Заеднички беше истакната потребата од поголема солидарност и здружено делување за поефикасно застапување на потребите на граѓаните од Полог.
Повеќе 👉 https://rcgo.mk/vesti/sredba-na-sovetot-za-sorabotka-megu-vladata-i-graganskoto-opshtestvo-so-lokalnite-organizacii-od-poloshkiot-region/