03/06/2026
Што се менува прво кога една компанија почнува да работи по јасни стандарди и правила?
Според Грегор Лапух, ментор за РЕФА стандард од Словенија, кога компанијата работи со јасни стандарди, нејзините процеси стануваат потранспарентни, податоците се појасни. Брзо се детектира каде, во кој сектор и зошто се појавил проблемот.
РЕФА стандардот е методологија за нормирање и следење на работните учиноци, широко применета во производствените компании.
Во рамките на Швајцарскиот проект за модернизација, бизнис-советниците кои соработуваат со проектот ги надградија своите капацитети за примена на РЕФА стандардот, што ќе им помогне дијагностичките наоди да ги претворат во конкретни препораки и мерки за подобрување на работењето на компаниите.