Центар за развој на Скопски Плански Регион

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Центар за развој на Скопски Плански Регион

Центар за развој на Скопски Плански Регион Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Центар за развој на Скопски Плански Регион, Community Organization, Димитрие Чуповски бр. 13/Зграда на Стопанска Комора на РМ, Skopje.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. Седиштето на Центарот за развој е во Единицата на Локална самоуправа со најголем број на жители, односно општина Гази Баба.

Скопскиот плански регион зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини и Градот Ско

пје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје и 7 рурални.

Неговата основна задача е јакнење на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење.

Центарот за развој на Скопски плански регион Ви го честита денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј !
24/05/2026

Центарот за развој на Скопски плански регион Ви го честита денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј !

ЧЕКОР ПОВЕЌЕ ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И НАДГРАДБА НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА НЕЈЗИНАТА ОДРЖЛИВОСТ ВО  СКОПСКИОТ...
23/05/2026

ЧЕКОР ПОВЕЌЕ ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И НАДГРАДБА НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА НЕЈЗИНАТА ОДРЖЛИВОСТ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН

🧩 Центарот за развој на Скопски плански регион продолжува со реализација на развојните планови чиј фокус е подобрена, современа и функционална патна инфраструктура.
📌 В.д. Директорката на Центарот за развој на Скопски плански регион Г-ѓа Розета Арсовска и Директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Амет Имери го потпишаа договорот за финансирање на новиот проект ,,Реконструкција на регионален пат Илинден-Јурумлери-фаза 1“ за кој се предвидени средства во максимален износ од 4.306.691,00 денари од вкупно предвидениот буџет за реализација на проектините активности. Општината Илинден како главен патнер во регионалниот проект учествува со кофинансирање во износ од 1.544.265,00 д. Проектот вреден скоро 6 милиони денари со реконструкција на регионалниот пат ќе овозможи подобрена пристапност, сигурност и поврзаност на населените места во Скопскиот регион, што е од особена важност во унапредувањето на инфраструктурата и растеретувањето на густиот сообраќај како еден од клучните регионални предизвици.
Проектот е одобрен во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој.
#Министерствозалокалнасамоуправа #СкопскиРегион #РегионаленРазвој

ПАДРИОН РАБОТИЛНИЦА „ЕВАЛУАЦИЈА НА АНАЛИЗА ЗА ДИГИТАЛНА ЗРЕЛОСТ И ДЕФИНИРАЊЕ НА ДИГИТАЛНАТА АЛАТКА - ПРОТОТИП ЗА ПИЛОТИР...
19/05/2026

ПАДРИОН РАБОТИЛНИЦА „ЕВАЛУАЦИЈА НА АНАЛИЗА ЗА ДИГИТАЛНА ЗРЕЛОСТ И ДЕФИНИРАЊЕ НА ДИГИТАЛНАТА АЛАТКА - ПРОТОТИП ЗА ПИЛОТИРАЊЕ“
Центарот за развој на Скопски плански регион денеска (19.05.2026) одржа работилница со Rаботната група во проектот „ПАДРИОН - Соочување на јавните администрации со процесот на дигитална трансформација како заедница во областа АДРИОН“.

На работилницата беа презентирани резултатите од спроведената анкета во пилот општината Гази Баба, по што се разви дискусија за креирање на идните прашалници кои ќе се генерираат и во останатите општини. Во вториот дел, беше презентиран и прототипот за заедничката дигитална алатка на кластерот во кој заедно соработуваат Центарот за развој на Скопски плански регион и општината Пјаченца од Италија, именувана „BRIDGE Women digital services reporting & monitoring tool“.
По презентациите Работната група беше поделена во секции, кои дадоа предлози за надополнување и подобрување на идните анализи и алатката на која и претстои пилотирање. На крајот беа сублимирани најдобрите предлози за најпродуктивна верзија на алатката како дигитално сценарио кое најдобро би функционирало во својата практична употреба на некои од мапираните постоечки платформи на национално и локално ниво.
На крајот од работилницата беа мапирани институциите што ќе ја користат алатката и добиените податоци, а истовремено се договори и оперативниот план за имплементација на алатката од прототип до функционално решение.

07/05/2026
Одржана четврта интернационална ПАДРИОН средба  „Дигитални алатки, локални распоредувања и одржливост“ во ПОДГОРИЦА, ЦРН...
27/04/2026

Одржана четврта интернационална ПАДРИОН средба „Дигитални алатки, локални распоредувања и одржливост“ во ПОДГОРИЦА, ЦРНА ГОРА, 23-24 април, 2026 година

Центарот за развој на Скопски плански регион, учествуваше на 4-та работна средба за спроведување на проектот ПАДРИОН, организирана во Подгорица, Црна Гора, на која се состанаа сите проектни партнери од земјите учеснички во рамки на Јонско-Јадранскиот регион. Целта беше секој од кластерите, меѓу кои и кластерот ЦРСПР - Македонија и Пјаченца, Италија да ја претстават деталната состојба на развојот на заедничките дигитални алатки, усогласена со очекуваниот напредок кон функционални прототипови кои понатаму ќе се пилотираат. Во агендата беа вклучени и хибридни работилници за градење капацитети преку вежбата – „Работилница за работилницата“ со фокус на комуникациските активности. Беа зададени насоки за спроведување на локалните планови за споделување на заедничкиот пристап и практични насоки за нивниот развој како и заеднички акционен план на PADRION и упатства за долгорочна одржливост на проектот.
Интернационалната работна средба студиозно ги скицираше развојните фази на ПАДРИОН, зададе јасна динамика за претстојната етапа на активности и уште еднаш ги обеднини земјите учеснички во пријателска атмосвера, преку топлото гостопримство од страна на домаќинот, во чија организација беа посетени Вир Пазар и Скадарското езеро, како дел од атрибутите кои ја красат Црна Гора.

LINK UP – СЕМИНАР ЗА БИЗНИС ВМРЕЖУВАЊЕ СО ПРИЈАТЕЛСКА ЈАПОНИЈА Центарот за развој на Скопски плански регион, претставува...
18/03/2026

LINK UP – СЕМИНАР ЗА БИЗНИС ВМРЕЖУВАЊЕ СО ПРИЈАТЕЛСКА ЈАПОНИЈА

Центарот за развој на Скопски плански регион, претставуван од в.д. Директорката Розета Арсовска и Координаторот за регионален развој Регина Иономовска, присуствуваше на бизнис семинарот „LINK UP Business: Japan–North Macedonia “ организиран од Јапонската Амбасада, во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, со цел вмрежување и размена на искуствата помеѓу јапонските и македонските компании. „LINK UP“ се покажа како ефективен инструмент за бизнис запознавање и зближување меѓу двете земји, благодарение на идентификуваните можности за соработка, наспроти континенталните далечини.
За прв пат на едно место со својата успешна бизнис приказна се претставија компаниите кои со право може да се наречат лидери во бизнисот, чие присуство е разгрането насекаде низ светот како што се: „Mitsubishi Corporation General Trading and Investment“, „Takeda Pharmaceutical Pharmaceuticals“, „ITOCHU Corporation General Trading and Investment“,„Hitachi Energy Energy Sector“, „Marubeni Corporation General Trading and Investment“ и „Nidec Electric Motor Automotive“. Исклучително атрактивна беше бизнис трибината, во вториот дел, која ја модерираше лично амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара која протоколарно го отвори семинарот, чиј воведен збор го даде Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Меѓу панелистите кои ја раскажаа својата успешна бизнис приказна беа Милан Станковиќ претставник на „Hi-Tech Coorporation“, Филип Дамјановски од компанијата „Termalift“ и Тадаши Мураками претставник на „JETRO –Japan External Trade Organization “, Виена.
Настанот заврши со вмрежување на присутните посетители и компаниите, налик на мал „бизнис саем“ кој се надеваме дека ќе се развива и опстојува одржливо, прераснувајќи во една убава бизнис конекција и можност за идни соработки и партнерства, зад кои континенталните бариери ќе останат историја.

Одржана Прва Седница на Советот за развој  на Скопски плански регионДенеска се одржа првата седница на Советот за развој...
05/03/2026

Одржана Прва Седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Денеска се одржа првата седница на Советот за развој на Скопски плански регион, која беше од исклучитено значење заради присуството на релевaнтните институции и ентитети со чие излагање се утврдија капацитетите, предизвиците и реализираните проекти на Центарот за развој на Скопски плански регион како двигател на регионалниот развој.
На седницата присуствуваа Г-дин Златко Перински, Министер за локална самоуправа при матичното министерство, Г-дин Амет Имери, Директор на Бирото за регионален развој, претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, како и Г-ѓа Марина Илиќ, Консултант во конзорциумот Louis Berger D.O.O Белград и конзорционите партнери FICHTNER GmbH &Co.KG; PLANET S.A.; and ENOVA d.o.o. Сараево која одржа презентација на проектот „ЕУ поддршка за воспоставување на регионален систем за правување со отпад во Скопски регион“. На седницата учествуваа мнозинство градоначалници од регионот, кои заеднички одлучуваат за прашањата кои се од значење за регионалниот развој, а беа усвоени предлог-одлуките за утврдување на годишна листа на предлог-проекти за равој на Скопски плански регион за 2026год и годишна листа на предлог-проекти за равој на специфични развојни потреби, кои треба да придонесат за подобра инфраструктура, економски развој и поквалитетен живот за граѓаните.
На седницата беа усвоени завршните сметки на реализираните проекти од кои два од проектите беа примопредадени во владение на општините кои се крајни корисници и преку Годишен Извештај за 2025 година беше отчетно презентирана работата на центарот од страна на в.д Директорката Г-ѓа Розета Арсовска и од страна на Претседателот на советот за развој Г-дин Јане Мицевски, Градоначалник на Општина Сопиште.
Содржински богатата Седница заврши со заклучок дека потребна е соработка, поддршка и одговорно постапување на општините кон центарот кој се справува со низа предизвици во регионот кој е најразвиен во државата, но и најкомплексен. Тоа е разултат на големиот број општини кои го сочинуваат, нивната специфичност и потреба за избалансиран развој, градот Скопје како конгломерат и економската концентрација, и затоа е потребно планирање, силна координација, стратешка синергија и активна соработка на локалната и централната власт, при дефинирање на идните чекори и проекти.

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО АНКЕТНО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ПАДРИОН Почитувани,Во рамки на ЕУ проектот ПАДРИОН (Publi...
07/02/2026

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО АНКЕТНО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ПАДРИОН
Почитувани,
Во рамки на ЕУ проектот ПАДРИОН (Public Administrations facing Digital transformation as a community in the ADRION area), Центарот за развој на Скопскиот плански регион (ЦРСПР), во партнерство со Општина Гази Баба, спроведува анкетно истражување за дигиталниот пристап, дигиталните вештини и користењето на дигитални услуги на локално ниво.

Целта на ова истражување е да се добие реална слика за:
• степенот на пристап до интернет и дигитални технологии;
• користењето на општински и државни е-услуги;
• потребите за дигитални вештини и обуки.

Посебен фокус во рамките на истражувањето е ставен на жените од општина Гази Баба. За таа цел, ги охрабруваме сите жени, особено оние кои живеат во руралните населени места, да се вклучат и да го споделат своето искуство и мислење.
Вашиот придонес е важен за креирање на идни локални активности, обуки и политики поврзани со дигиталната трансформација на локално и централно ниво.
Анкетата е целосно анонимна и за нејзино пополнување се потребни околу 5 минути.

Можете да пристапете до прашалникот на следниот линк: https://forms.gle/uPhK93HmrFRAiebZ8

Ви благодариме!

Со почит,
ЦРСПР, Општина Гази Баба

ПАДРИОН ГРАДИ ДИГИТАЛНА СИНЕРГИЈА ВО РЕГИОНОТ ЗА ПОСИЛНИ ЛОКАЛНИ ЗАЕДНИЦИ https://skopjeregion.gov.mk/2026/01/22/padrion...
23/01/2026

ПАДРИОН ГРАДИ ДИГИТАЛНА СИНЕРГИЈА ВО РЕГИОНОТ ЗА ПОСИЛНИ ЛОКАЛНИ ЗАЕДНИЦИ https://skopjeregion.gov.mk/2026/01/22/padrion-gradi-digitalna-sinergi%d1%98a-vo-regionot-za-posilni-lokalni-zaedniczi/
Центарот за развој на Скопски плански регион, како еден од деветте партнери од седум земји во Јонско-јадранскиот регион, ја интензивираше имплементацијата на проектот ПАДРИОН - „Соочување на јавните администрации со процесот на дигитална трансформација како заедница во областа АДРИОН“, преку дводневна фокусирана кампања.
Проектот се реализира со поддршка на програмата ИНТЕРРЕГ ИПА Адрион на Европската Унија и има за цел да одговори на заедничкиот предизвик со кој се соочуваат јавните администрации во процесот на дигиталната трансформација во овој регион, со посебен фокус на жените и дигитализацијата во Северна Македонија.
Во рамки на дводневната брифинг кампања беа реализирани координирани средби со клучните чинители од Работната група на проектот. Процесот започна со средба со претставници од четири општини и тоа: Илинден, Гази Баба, Карпош и Чаир, при што Општина Гази Баба беше мапирана како пилот општина за реализација на претстојните активности од проектот. Таа е препознаена како релевантен пример во национален контекст во која ќе се спроведуваат анализи на целната група, поточно на жените од рурални и урбани средини, жени претприемачки, како и различни возрасни категории, со фокус на нивото на нивната дигитална писменост.
Средбите со Министерството за локална самоуправа и со Министерството за дигитална трансформација, пак, овозможија размена на информации, идеи и искуства, како и отворање простор за вмрежување на базите на податоци. Посебен акцент беше ставен на мотивирање на граѓаните и општините за активно користење и унапредување на националната интероперабилна платформа за интегрирани е-услуги. Министерството за дигитална трансформација беше вклучено и како консултативен партнер при креирањето на анкетниот прашалникот, чија цел е анализа на реалната состојба на терен.
Кампањата опфати и средби и со Сојузот на стопански комори, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Здружението на бизнис жени – партнери и професионални соработници во ПАДРИОН. Со стопанските комори се дискутираше за зголемување на продуктивноста преку дигитална трансформација, вештачка интелигенција и сајбер безбедност, со примери од транспортната и други клучни индустрии, повторно со фокус на улогата на жените. Академскиот сектор, преку експертите од ФИНКИ, даде значаен придонес со препораки за методологијата и дистрибуцијата на прашалниците, како и за структурирање на планираната платформа. Од Здружението на бизнис жени, пак, беа споделени искуства и податоци од претходни истражувања, вклучително и анализи поврзани со жените претприемачки и руралните жени.
Како заеднички заклучок од средбите со институциите, приватниот сектор, граѓанските организации, академската заедница и општините, беше истакната потребата услугите, документите и информациите да се движат брзо и ефикасно, наместо граѓаните.
Во таа насока, ПАДРИОН се позиционира како клучна „алка“ за дигитална синергија и одржлив развој, преку воспоставување локални дигитални агенди, избор на ефективни алатки во процесите на дигиталната трансформација, но, пред сè, реално согледување, мерење и адресирање на потребите за зголемување на дигиталната зрелост на жените во локалните заедници.

Address

Димитрие Чуповски бр. 13/Зграда на Стопанска Комора на РМ
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Telephone

+389 2 32 44 033

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за развој на Скопски Плански Регион posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Центар за развој на Скопски Плански Регион:

Share