30/11/2025
Следните, 26-ти летни Олимписки игри за глуви и наглуви лица во 2029 год. ќе се оддржат во Атина-Грција. Одлуката беше донесена по одржаното гласање помеѓу двата кандидатски града – Загреб-Хрватска и Атина-Грција. Во многу неизвесна и тесна конкуренција, делегатите на крај го дадоа својот глас за Атина, која победи со резултат 33–31.
Со изборот на Атина како домаќин, Грција повторно ќе биде центар на голем меѓународен спортски настан, а организаторите најавуваат високо ниво на подготовка и капацитети кои ќе овозможат одлични услови за спортистите и посетителите.
2029 Deaflympics Hosting City-Athens (Greece)
www.edso.eu