Кратка историја на скејтбордингот:
Во Македонија скејтбордингот се појавува во Скопје на почетокот на 90-тите години, а со тоа и првиот скејтпарк на лизгалиште. Потоа тој е уништен и е изграден нов скејтпарк на местото на денешниот трговски центар Ramstore.
Во тоа време се појавува нова генерација на скејтери, кои почнуваат да се натпреваруваат не само на локалните натпревари во Скопје, туку и
на меѓународни натпревари и тоа во: Бугарија 2003 (освоено прво и второ место), Србија, Хрватска и Словенија.
Со изградбата на трговскиот центар Ramstore, скејтпаркот беше срушен, а со тоа скејтбординг сцената во Скопје драстично опадна. Љубителите на екстремните спортови веќе немаат свое катче во градот каде што би можеле да се рекреираат. По многу напори, во 2006-та година беше изграден скејтпаркот во општина Карпош. Но овој скејтпарк не ја подобри ситуацијата бидејќи е непрофесионално изграден, односно не ги привлекува љубителите на овие спортови, а уште помалку почетниците, бидејќи тие немаат место каде да ги научат основните техники на овие спортови. Затоа и понатаму овие млади остануваат на улицата, кадешто секојдневно се справуваат со полицијата, чуварите и локалните станари кои не им дозволуваат да се рекреираат од најразлични причини.