20/10/2022
‼ЦЕИ Скопје повторно организира практични работилници и предавања за млади лица од градот Скопје. Оваа работилница насловена како „Младите и Еразмус“ ќе се состои од два дела – теоретски и практичен. Во теоретскиот дел, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основните концепти за постоењето на надворешно финансирање на проекти (донаторство, fundraising, домашни поддржувачи, јавен и приватен сектор). Во практичниот дел, учесниците директно ќе работат на подготовка на проектни апликации за примери за проекти на национално и меѓународно ниво. Посебен акцент ќе биде ставен на аплицирање и менаџмент на Ерасмус+ проекти, каде Македонија е програмска земја.
🎯На бесплатните работилници, предност ќе им се даде на млади луѓе од Град Скопје кои до тогаш не биле во можност да учествуваат на ваков настан.
⏳Време: 5-6.11.2022 година
🤓Забелешка: Бројот на места е ограничен. Избраните учесници ќе бидат контактирани од ЦЕИ за точни информации за местото и времето на одржување на обуките.
Овој проект е поддржан од Град Скопје.
🔴🔴Аплицирајте на:
https://forms.gle/fXKLXWKycc7KZdrD8