Центар за развој, едукација и советување на деца и млади-МАША Марија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Центар за развој, едукација и советување на деца и млади-МАША Марија

Центар за развој, едукација и советување на деца и млади-МАША Марија Психолог, советување, психотерапија, родители, деца, млади, ментално здравје, обуки, едукација

"Корени и Крилја" - книга која ќе ви отвори простор за поврзаност, разбирање и раст и со вашето дете и со самите вас как...
03/06/2026

"Корени и Крилја" - книга која ќе ви отвори простор за поврзаност, разбирање и раст и со вашето дете и со самите вас како личности.
Бидејќи...
"НАЈГОЛЕМИОТ ПОДАРОК ШТО МОЖЕ ДА МУ ГО ДАДЕМЕ НА ДЕТЕТО Е СИГУРНОСТ ОД КОЈА МОЖЕ ДА СЕ ОДДАЛЕЧИ И ЉУБОВ ВО КОЈА СЕКОГАШ МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ" - МАША

Ве очекуваме на 13 јуни во 17:30ч во Трач Бар.

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

13/05/2026

Социјалните мрежи станаа арена на агресивни сцени помеѓу децата! Алармантни случаи на насилство од деца на деца кои ни покажуваат дека децата функционираат нормално со ненормално.
Каде не ни е јасно?
Каде сме недоволно едуцирани?
Колку сме одговорни и неодговорни?
Како растеме и воспитуваме луѓе?
Зошто децата ни се емоционално празни?
Се е аларм!
Одговорност носиме баш сите!

Денес, на Светскиот ден на аутизмот 💙да се потсетиме дека овие деца не го гледаат светот поинаку – тие само го чувствува...
02/04/2026

Денес, на Светскиот ден на аутизмот 💙
да се потсетиме дека овие деца не го гледаат светот поинаку – тие само го чувствуваат подлабоко.
Децата со аутизам често имаат најчиста емпатија, искреност и душа која не знае за маски. Нив не им треба сожалување, туку разбирање. Не им треба промена, туку прифаќање.
Различни, но еднакво вредни.
Да градиме свет во кој различноста не се поправа – туку се прифаќа.
💙
Jovanka Trpkovska

15/03/2026

Не е караницата траума, туку тишината после неа!!!
Учете го детето да не биде така, да кажете "Извини"

Најтешкото во моето детство не беа караниците.
Најтешка беше тишината што доаѓаше после нив, по караница не се разговараше.
Само се чекаше.
Се чекаше додека некој не каже: "Ќе пиеш кафе?",
и тоа значеше: " Готово Помина."
Но не поминало.
Никогаш не поминуваше.
Вака изгледаше тоа:
Татко ми вика.
Мајка ми молчи.
Или обратно.
Некој треснува врата.
Некој оди во друга соба.
И потоа... ништо.
Никој не вели извини.
Никој не вели ми беше тешко.
Никој не седнува и не објаснува што се случило,
се руча во тишина, телевизорот се пушта погласно од обично, и се прави како ништо да не се случило,
а во воздухот се чувствува сè.
И ти, како дете, седиш на таа маса
и ја учиш најважната лекција во животот:
Љубовта не се поправа. Љубовта се преживува.
Никој не ти го кажал тоа, но твоето тело го запомнило.
Запомнило дека по караницата
нема разрешување.
Само чекање.
Запомнило дека не знаеш дали е готово,
бидејќи никој никогаш не рекол:
"Готово е, добро сме."
Ја запмнило онаа грутка во стомакот која се јавува секогаш кога некој ќе го крене гласот, или кога некој предолго молчи.
И додека се свртиш си пораснал.
И сето тоа си го понел со себе.
Сега си возрасен човек
кој после секое несогласување
не може да дише додека работите не се разјаснат.
Праќаш порака и чекаш одговор како пресуда.
Нема одговор еден час и веќе правиш сценарија во главата.
Ќе ти пише "ок" наместо "се е во ред" и веднаш мислиш дека уште се лути.
Прашуваш: "добро ли сме", не еднаш, три пати прашуваш. Затоа што еднаш не ти е доволно.
Затоа што си научил дека "добро" може да значи се освен добро.
Објаснуваш премногу.
Се правдаш премногу.
Пишуваш долга порака за нешто што можело да биде една реченица затоа што во тебе живее детето кое никогаш не ја добило таа една реченица
на која чекало цело детство:
"Извини. Не беше твоја вина. Добро сме."
И луѓето ти велат:
„Премногу размислуваш."
"Опушти се.“
"Не е сè толку драматично."
А ти само кимнуваш со главата и се насмевнуваш.
Но внатре... внатре ти се случува бура.
Затоа што твојот нервен систем не знае
дека секоја тишина не е казна.
Дека секоја караница не значи крај.
Дека некој може да молчи а тоа да не значи дека повеќе не те сака.
Тоа никогаш не си го научил.
Ти си научил дека тишината
е последното нешто што го слушаш
пред нешто да се сруши.
Не е страшното тоа што си таков, страшно е што не знаеш зошто си таков.
Мислиш дека си премногу емотивен, премногу анксиозен. премногу тежок за луѓето.
А вистината е многу поедноставна.
Ти си дете кое никогаш не слушнало "извини"
и сега, како возрасен човек, се обидуваш да го извлечеш тоа "извини" од секој однос пред да биде предоцна.
Затоа што за тебе секоја неразрешена караница е можен губиток.
Секоја тишина е можност за напуштање.
Секој пропуштен повик е можен крај.
Не затоа што нешто не е во ред со тебе, туку затоа што како дете си научил
дека љубовта може да се повлече без објаснување
и дека единственото што можеш да направиш е да чекаш и да се надеваш дека ќе помине.

Ако се препознавте во ова, вие сте човек кој преживеал дом во кој болката се голтала наместо да се изговори.
И вашата потреба се' да биде решено, и јасно кажано, не е слабост.
Тоа е вашата душа која се обидува да го поправи она што никој во вашиот дом не знаел.
И тоа заслужува почит, не критика, не потсмев.
Заслужувате некој што ќе ви каже:
"Добро сме. Никаде не одам. Тука сум."
И заслужувате еден ден
да поверувате во тоа.

(непознат автор)

✨ Предновогодишна магија во МАША МАРИЈА ✨Мали моменти со големи пораки! Пред да ја испратиме старата година, си подаривм...
28/12/2025

✨ Предновогодишна магија во МАША МАРИЈА ✨
Мали моменти со големи пораки!

Пред да ја испратиме старата година, си подаривме нешто највредно – време, насмевки и заедништво.
Заедно со нашите најмали и најмили, предновогодишно и искрено чувствувавме и направивме магија.
Секое дете засвети на нашата елка во МАША како ѕвезда со најголема светлина!
Ја заокруживме 2025-та со благодарност и со отворено срце ѝ посакавме добредојде на 2026-та.
Испративме писма до Дедо Мраз, споделивме смеа и топлина и ... си јадевме 😁
Се испративме со пораки за храброст, емоции и верба во себе 🤍
Ова не беше само забава.

Благодарни сме за секоја насмевка и секое срце што ни ја довери својата радост.
Продолжуваме да растеме – заедно.

БОРЈАН и ЈОВАНА ❤️Со најубави емоции и најшироки насмевки, децата јасно, гласно и отворено зборуваа за себе, за својата ...
18/12/2025

БОРЈАН и ЈОВАНА ❤️
Со најубави емоции и најшироки насмевки, децата јасно, гласно и отворено зборуваа за себе, за својата работа со психолог на своето ментално здравје и за предизвиците со кои се соочуваат и нивните врсници секојдневно. Зборувавме за нивната храброст на Конференцијата "МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ" на која тие беа учесници.
Голема благодарност!
Гледајте ги и слушајте ги - имаат што да кажат!

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Гласајте за нашата прекрасна НЕЛА која оваа година не претставува на Јуниорскиот евросонг на 13ти (сабота)https://www.fa...
10/12/2025

Гласајте за нашата прекрасна НЕЛА која оваа година не претставува на Јуниорскиот евросонг на 13ти (сабота)

https://www.facebook.com/share/r/1DUgzngBSf/

24/11/2025

2ра Конференција МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ

💚 Втора Конференција: МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ 💚📅 15 ноември 2025📍 КИЦ - Културно информативен центар САЛ...
01/11/2025

💚 Втора Конференција: МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ 💚
📅 15 ноември 2025
📍 КИЦ - Културно информативен центар САЛОН 19,19, Скопје
🎟️ Влез – бесплатен за сите!

Ве покануваме заедно да зборуваме, слушаме и создаваме простор за разбирање и поддршка.
Настан каде деца, млади, родители и психолози ќе споделат свесност за важноста на менталното здравје кај децата и младите и со кои предизвици се соочуваат тие.
🎤 + музика, инспирација и многу топлина 🌞

Биди дел – затоа што менталното здравје е нашата иднина.

#МенталноЗдравје

Address

БУлица Јане Сандански бр. 13, влез А, стан 18/Аеродром, Скопје
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 12:00 - 19:00
Tuesday 12:00 - 20:00
Wednesday 10:00 - 20:00
Thursday 10:00 - 20:00
Friday 10:00 - 20:00
Saturday 18:00 - 19:00

Telephone

+38977861661

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за развој, едукација и советување на деца и млади-МАША Марија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Центар за развој, едукација и советување на деца и млади-МАША Марија:

Share