Целите на МЗЛ се здружување на правни и физички лица од областа на дејноста на лифтовите, ескалаторите и подвижните ленти (во понатамошниот текст: лифтовите) во интерес на унапредувањето на системот на квалитет при проектирањето, производството, вградувањето, оценувањето на сообразноста според важечките прописи, вршењето на периодични технички прегледи и во интерес на придружувањето кон европскиот
пазар и користењето на заедничките ресурси и потенцијали.
Дејностите на Здружението се:
- Организација на стручни советувања, семинари, обуки, предавања и собири заради меѓусебно известување, заземање ставови за прашања од заеднички интерес и размена на искуства,
- Заеднички настапи пред државните регулаторни тела при донесување прописи,
- Пристапување и учество во работата на европските и меѓународните институции и организации,
- Стручна и техничка поткрепа на: проектантите, произведувачите, вградувачи (монтажерите), телата за оценување на сообразноста, телата за вршење на технички прегледи и одржувачите на лифтовите (сервисерите) во примената на системот за управување со квалитетот заради обезбедување квалитет на проектирањето, производството, вградувањето, оцената на сообразност, испитувањето, мерењето и одржувањето,
- Известување и размена на информации и искуства меѓу членовите,
- Статистика за несреќи и повреди во врска со користењето, со монтажата и сервисот на лифтовите,
- Статистика за опремата и услугите што се однесуваат на лифтовите,
- Известување на јавноста за работата на здружението и јакнење на свеста на корисниците за важноста на севкупното подрачје на вертикалниот транспорт, а посебно за потребата за обезбедување, за одржување и подобрување на безбедноста на лифтовите,
- Соработка со надлежните тела на државната управа (телата на: Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за транспорт и врски и Инспекцискиот совет), со надлежните државни инспекторати (Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазаришен инспекторат), со Институтот за стандардизација на РМ, со Институтот за акредитација на РМ, со Бирото за метрологија на РМ, со стопанските комори, со трговските друштва и другите стручни институции,
- Издавање на гласило за известување на работата на Здружението и неговите членови,
- Издавање технички документи на Здружението за заедничките ставови во врска со техничките прашања,
- Издавање научни и други стручни публикации со кои се придонесува во услужната, производствената и истражувачката дејност како и во науката од подрачјето на дејноста на Здружението,
- Поврзување во работата со научно-наставните институции врз основа на заеднички интерес.