Фондација Илија Камчев

Фондација Илија Камчев поддршка на активности и реализација на проекти и иниц

Во 2011 година, компанијата Орка Холдинг го објави почетокот на работа на Фондацијата Илија Камчев, која го носи името на основачот на оваа компанија.
Хуманизмот, визијата и одговорноста на основачот на компанијата, остануваат непресушна инспирација за сите нас, продолжувачите на неговата филантропија.

Примарната цел на Фондацијата е, по пат на стипендирање, да помогне во создавањето нови тимови

специјалисти во медицината од областите кои се дефицитарни во Македонија. Секоја година, Фондацијата издвојува средства за стипендирање на специјалисти, кои ќе имаат привилегија специјализацијата да ја реализираат во Република Македонија, како и во светски реномирани медицински центри.
Долгорочно гледано, воведувањето на оваа стипендија претставува сериозна инвестиција во здравствениот систем на Република Македонија, чиј метод се темели врз основа на светските стандарди и протоколи за лекување на пациенти.

Покрај образованието, Фондацијата Илија Камчев поддржува активности кон други сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност. Фондацијата поддржува и активно е вклучена во реализацијата на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на уметноста и културата, издаваштвото, општеството...

Address

Скупи 3А
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Фондација Илија Камчев posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Фондација Илија Камчев:

Share