Lifelong Learning Center / Центар за доживотно учење

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Lifelong Learning Center / Центар за доживотно учење

Lifelong Learning Center / Центар за доживотно учење Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Lifelong Learning Center / Центар за доживотно учење, Non-Governmental Organization (NGO), Prashka 44, Skopje.

👉Посета од Словенија - обука за дизајн на изработки од срмен конец во Занаетчиска комора СкопјеМинатата недела, заедно с...
23/03/2025

👉Посета од Словенија - обука за дизајн на изработки од срмен конец во Занаетчиска комора Скопје

Минатата недела, заедно со Занаетчиска комора Скопје бевме домаќини на Združenje izobraževalnih in svetovalnih središč Slovenije - Здружението на образовни и советодавни центри од Словенија. Во рамките на ова партнеrство, финансирано од програмата Еразмус+, 16 претставнички – учеснички на обуки за неформално образование на возрасни во образовните центри – Људски универзи од Толмин, Јесенице, Кршко, Нова Горица, Ново Место, Загорје, Жалец и Мислиња, зедоа учество во креативен курс за изработка на дизајни од срмен конец. Програмата беше изработена од страна на Занаетчиска комора Скопје, каде што и се одржа.
Учесничките – 16 инспиративни и сестрани дами, покажаа особен интерес, ентузијазам и посветеност во дизајнирањето и креирањето слики од срмен конец. Од нивната неуморна работа, произлегоа низа интересни и квалитетни изработки и нивната продуктивност ги надмина сите очекувања и ни покажаа дека никогаш не е доцна да се научи нешто ново како и дека грижата за себеси и квалитетот на живот во третото доба се приоритет.
По враќањето во своите матични Људски универзи, учесничките ќе ја понудат оваа програма за сите заинтересирани слушатели во нивните заедници. Оваа можност е особено важна, бидејќи во Словенија не е застапена техниката на креативна работа со срмен конец.
Упатуваме благодарност до Združenje izobraževalnih in svetovalnih središč Slovenije како организатор на оваа мобилност во Словенија. На нашите колешки од Занаетчиска комора Скопје и на обучувачката Julijana Jakimovska им благодариме од се'срце за одличната соработка, за професионалноста и максималната посветеност во реализацијата на програмата.
На гостинките од Словенија им посакуваме многу успех во обуките, за кои веќе имаат пријавени кандидати и се надеваме дека повторно ќе имаме можност за вакви билатерални средби посветени на учење и културна размена.

Посета од Словенија📍 Од 13-ти до 19-ти октомври бевме домаќини на посета од страна на Združenje izobraževalnih in svetov...
21/10/2024

Посета од Словенија

📍 Од 13-ти до 19-ти октомври бевме домаќини на посета од страна на Združenje izobraževalnih in svetovalnih središč Slovenije. Здружението на образовни и советодавни центри на Словенија обединува 10 установи – понудувачи на образование на возрасни, од различни делови на Словенија.

📍 Тие ни’ дојдоа во посета за да се запознаат со системот за образование на возрасни, да поразговараат со надлежните државни институции, како и да се информираат за работењето на различни профили на понудувачи на програми за формално и неформално образование на возрасни

📍 Имавме програма исполнета со многу средби, размена на информации и искуства и учење едни од други.

📍 Дознавме дека:
- во Словенија основното и средното образование на возрасни се бесплатни
- клучот за континуираниот развој на системот за образование на возрасни лежи во политичката воља и одлука дека треба да се оди напред и да се решаваат проблемите
- инвестициите во јавно финансирано образование на возрасни се приоритет, а искористувањето на достапните европски фондови е втор главен извор на средства за обезбедување одржлив развој на системот.

📍 Посетата резултираше со конкретни идеи за билатерална проектна соработка

📍 Низ годините наназад, во повеќе наврати сме биле организатори на студиски посети на Словенија за групи претставници на различни установи и институции, со цел да учиме од нивните искуства. Особено бевме среќни што овојпат ние бевме во улога на домаќини

📣Announcement / EU-expert in Adult Education Policy📣Adult Education Centre is implementing the European Agenda for Adult...
07/05/2024

📣Announcement / EU-expert in Adult Education Policy📣

Adult Education Centre is implementing the European Agenda for Adult Learning in North Macedonia whose main objective is to respond to the currently existing challenges in the Adult Education sector, such as low participation and low level of awareness on Adult Learning and Education and Lifelong Learning. It aims to contribute to acceleration of the ongoing processes for accomplishment of the national strategic goals in Adult Education, to strengthen overall coordination among all relevant actors and stakeholders in creation of synergies for joint action, all in compliance with the priorities of the European Agenda for Adult Learning.

One of the main outputs planned in the frames of the project, is the development of a new Adult Education Strategy – an assignment for which AEC is seeking for an EU-expert.

All details can be obtain in the ToR, available on following link:

We, Adult Education Center, Adress: Dimitrie Chupovski 13, 1000 Skopje, North Macedonia, are seeking for EU Consultant/Expert with significant experience in development of strategic documents in Adult Education;

📣Успешно завршен проект📣🎯Со особено задоволство споделуваме дека ги заокруживме активностите предвидени во проектот „Про...
07/05/2024

📣Успешно завршен проект📣

🎯Со особено задоволство споделуваме дека ги заокруживме активностите предвидени во проектот „Проценка на компетенции за реинтеграција и јакнење“, што го спроведовме во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ, како дел од програмата Техничка помош за создавање овозможувачка околина за граѓански организации во Република Северна Македонија, финансирана од ЕУ;

Што сработивме?
✅Направивме квалитативно истражување во 4️⃣ плански региони со статистички највисока стапка на млади кои не се во работен однос, образование ниту обука (NEET - Not in Employment, Education or Training), и тоа: Полошки, Скопски, Југозападен и Североситочен, и во фокусот ги ставивме политиките и практиките за поддршка на оваа целна група.
🎯Во истражувањето опфативме 2️⃣ 4️⃣ интевјуенти - претставници на јавни установи од секторите Образование/Вработување/Труд и социјала, како и различни профили на институции кои работат на терен со млади од наведената категорија;
🎯Во фокусот на нашиот иинтерес беше да дознаеме какви институционални политики, стратегии и мерки, како и какви практични пристапи и алатки се користат за поддршка на оваа категорија млади?

✅ Во одговор на наодите од истражувањето, изработивме препораки со кои сакаме да ги поддржиме установите, институциите и практичарите што работат со овие млади луѓе;
🎯Во тие рамки ја претставивме методологијата ProfilPASS - инструмент за проценка на компетенции во контекст на доживотно учење, како пример за добра пракса во поддршка на (ре)интеграцијата на младите во образование и пазар на труд.

Што научивме?
👉Дека стапката на млади во земјава кои не учат и не работат е висока (24.7%) а дека на институциите и практичарите кои работат и им пружаат поддршка на овие млади луѓе им недостигаат алатки како и дека нема системски, се'опфатен и одржлив пристап за кариерно советување и водство.

👍Среќни сме што со овој проект им пруживме поддршка на надлежните институции и на практичарите во унапредувањето на мерките за поддршка и дека на тој начин даваме индиректен придонес кон храбрење, јакнење и подобрување на состојбата на младите од NEET - категорија.

ℹ️ Истражувањето, како и подетални информации околу проектот и неговите резултати, може да се најдат на веб-страницата www.profilpass.mk , изработена во рамките на овој проект.

ProfilPASS - Проектот Проценка на компетенции за реинтеграција и јакнење ((CARE – Competence Assessment for Reintegration and Empowerment) има за цел да укаже на предизвиците во спроведувањето на п....

➡️Денес формално го заокружуваме спроведувањето на  проектот „Постпородилната депресија не е табу тема“, во рамките на к...
30/04/2024

➡️Денес формално го заокружуваме спроведувањето на проектот „Постпородилната депресија не е табу тема“, во рамките на кампањата „ЗАЕДНО. За подобро утре.“ на dm drogerie markt Makedonija, на кој посветено работевме изминативе 6 месеци.

❓Што постигнавме?
✅ Изработивме програма за професионална обука на патронажни сестри, единствена од ваков вид во земјава
✅ Реализиравме 4 обуки во кои се вклучија 1️⃣ 3️⃣ 4️⃣ патронажни сестри и друг медицински персонал
✅ Ги зајакнавме капацитетите на патронажните служби од Куманово, Демир Хисар, Свети Николе, Кичево, Битола, Велес, Струмица, Пехчево, Ростуше, Радовиш, Валандово, Виница, Дебар, Македонски Брод, Делчево, Струга, Кочани, Отешево и Скопје.
✅ Патронажните сестри се стекнаа со знаења, вештини и компетенции за: навремено и успешно воочување на знаци и симптоми на постпородилна депресија, проверка на општата ментална состојба на родилката, давање информации и инструкции за самопомош, советување на потесното семејство
и упатување на родилката во институции за стручна помош и третирање.
✅Изработивме програма за обука за трудници и родилки, единствена според тематскиот опфат, пристап и обем во земјава.
✅ Реализиравме обука на група од 3️⃣ 9️⃣ трудници и родилки
✅ Учесничките се информираа за знаците и формите на постпородилна депресија, навременото препознавање на симптомите, поддршка од семјството во следењето на менталната состојба, ги научија техниките за самопомош
и добија насоки и упатства за добивање стручна помош
✅ Изработивме едукативен материјал во форма на брошура која е достапна во електронска и печатена форма. На сите патронажни служби кои учествуваа во обуките им дистрибуиравме брошури кои ќе ги делат на мајките при посетите на домови со новородени бебиња.

🎉Сите цели и резултати ги постигнaвме со заеднички сили, со тимот на Когниција, кому ги доверивме сите стручни аспекти од активностите во проектот: дизајнот на програмите, креирањето на едукативниот материјал и реализацијата на обуките. Когниција - Неизмерно сме среќни и благодарни за вашата професионалност, стручност и колегијалност!

❓Што научивме?
📍 Дека постои потреба од професионална обука на тема постпородилна депресија за различни профили на здравствени работници кои работат со трудници и родилки
📍 Дека менталното здравје се'уште е чувствителна тема во нашата средина
📍 Дека само преку информирање и едукација се делува на подигањето на свеста за менталното здравје и дека со овој проект сме дале придонес во мисијата за индивидуална, институционална и колективна детабуизација на темите поврзани со женското ментално здравје во нашето општество

🎉 Упатуваме искрена и срдечна благодарност до dm drogerie markt Makedonija што ни' даде можност да дадеме наш придонес во нивните стремежи за општественоодговорно делување кон подигање на свеста за физичкото и менталното здравје во Македонија

📍 На 29.02.2024 ги претставивме главните наоди и заклучоци од нашето ново истражување на тема: „Актуелни политики, практ...
05/03/2024

📍 На 29.02.2024 ги претставивме главните наоди и заклучоци од нашето ново истражување на тема: „Актуелни политики, практики и предизвици во поддршката и јакнењето на млади од ранливи категории“, што го спроведовме во рамките на проектот „Проценка на компетенции за реинтеграција и јакнење“, поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ, како дел од програмата Техничка помош за создавање овозможувачка околина за граѓански организации во Република Северна Македонија, финансирана од ЕУ.

📍 Истражувањето ја актуелизира проблематиката на високата стапка на млади на возраст од 15 до 29 години, кои не се во образование, обука ниту во работен однос во нашата земја (24.2%) и има за цел да даде преглед на актуелните политики и мерки за поддршка на оваа ранлива група на млади, да ги утврди пристапот и практиките во работата на терен со нив, како и да понуди насоки за унапредување на мерките за поддршка на нивната (ре)интеграција во образование и/или на пазарот на труд.

📍 Истражувањето ќе биде наскоро достапно во електронски и печатен формат.

🎯На 22.02.2024 започна онлајн обуката на тема „Постпородилната депресија не е табу тема“, наменета за едукација на трудн...
24/02/2024

🎯На 22.02.2024 започна онлајн обуката на тема „Постпородилната депресија не е табу тема“, наменета за едукација на трудници и новопородени мајки. Програмата се реализира со група од 30 учеснички.

🎯 Обуката ќе опфати 4 тематски сесии, а ќе трае до средината на март годинава.

🎯 Изразуваме благодарност до стручниот тим на Когниција за подготовката и реализацијата на програмата и на dm drogerie markt Makedonija за поддршката за спроведување на овој проект.

🎯 Среќни сме што со оваа обука ќе дадеме придонес кон подигањето на свеста и информирањето за постпородилната депресија, како и кон разбивањето на општествените табуа поврзани со менталното здравје.

17/02/2024

📯Имаме само уште неколку слободни места за нашата
БЕСПЛАТНА онлајн обука за трудници и родилки: „Постпородилната депресија не е табу тема“
➡️Доколку сте бремена и се подготвувате за новата улога или пак сте мајка на новороденче, Ви нудиме можност за обука, која ќе Ви даде одговор на овие прашања:
- Кои се причините за појава на постпородилна депресија?
- Како успешно и навремено да ги препознаам симптомите?
- Како да си помогнам?
- Како може моето семејство да ми помогне?
- Каде да побарам стручна помош?
➡️Главен предавач: м-р Тина Васков, клинички невропсихолог, Когниција
➡️Времетраење на обуката: 4 сесии по 120 минути
➡️Термини на одржување:
Сесија 1: 22.02.2024, 18.00 – 20.00ч.
Сесија 2: 29.02.2024, 18.00 – 20.00ч.
Сесија 3: 07.03.2024, 18.00 – 20.00ч.
Сесија 4: 14.03.2024, 18.00 – 20.00ч.
➡️Рок за пријавување: 19.02.2024;
➡️Доколку сте заинтересирана, пријавете го своето учество на email адреса: [email protected], со:
- Име и презиме
- Контакт телефон и e-mail адреса;
➡️ Бројот на места е ограничен и регистрацијата ќе тече до пополнувањето на бројот на пријавени;
➡️Доколку имате прашања, пишете ни на: [email protected]
➡️Реализацијата на оваа обука е овозможена од dm drogerie markt Makedonija

Follow the path of knowledge...
Следи ја патеката на знаењето...

Бесплатна онлајн обука за трудници и родилки: „Постпородилната депресија не е табу тема“➡️Доколку сте бремена и се подго...
06/02/2024

Бесплатна онлајн обука за трудници и родилки: „Постпородилната депресија не е табу тема“
➡️Доколку сте бремена и се подготвувате за новата улога или пак сте мајка на новороденче, Ви нудиме можност за обука, која ќе Ви даде одговор на овие прашања:
- Кои се причините за појава на постпородилна депресија?
- Како успешно и навремено да ги препознаам симптомите?
- Како да си помогнам?
- Како може моето семејство да ми помогне?
- Каде да побарам стручна помош?
➡️Главен предавач: м-р Тина Васков, клинички невропсихолог, Когниција
➡️Времетраење на обуката: 4 сесии по 120 минути
➡️Термини на одржување:
Сесија 1: 22.02.2024, 18.00 – 20.00ч.
Сесија 2: 29.02.2024, 18.00 – 20.00ч.
Сесија 3: 07.03.2024, 18.00 – 20.00ч.
Сесија 4: 14.03.2024, 18.00 – 20.00ч.
➡️Рок за пријавување: 11.02.2024;
➡️Доколку сте заинтересирана, пријавете го своето учество на email адреса: [email protected], со:
- Име и презиме
- Контакт телефон и e-mail адреса;
➡️ Бројот на места е ограничен и регистрацијата ќе тече до пополнувањето на бројот на пријавени;
➡️Доколку имате прашања, пишете ни на: [email protected]
➡️Реализацијата на оваа обука е овозможена од dm drogerie markt Makedonija

05/02/2024

Follow the path of knowledge...
Следи ја патеката на знаењето...

📍 На 02.02.2024 ја реализиравме 4-тата по ред обука на тема:„Постпородилната депресија не е табу тема“, наменета за патр...
05/02/2024

📍 На 02.02.2024 ја реализиравме 4-тата по ред обука на тема:„Постпородилната депресија не е табу тема“, наменета за патронажни сестри, во рамките на истоимениот проект, благодарение на поддршката од dm drogerie markt Makedonija.

📍 Учество зедоа преку 50 патронажни сестри и други профили на медицински персонал од: Здравствените домови од Радовиш, Виница, Пехчево, Македонски брод, Дебар и Ростуше, Општата болница од Кочани и Клиничката болница Аџибадем Систина од Скопје.

📍 Со оваа обука го заокруживме циклусот мерки за јакнење на капацитетите на патронажните сестри и останатите профили на медицински лица кои доаѓаат во контакт со трудници и новопородени мајки.

📍 Особена благодарност упатуваме до стручниот тим на Когниција, кому ја доверивме изработката на програмата и реализацијата на обуките.

📍 Наша следна задача е претстојната обука за трудници и родилки, за која пријавувањето е во тек.

30/01/2024

Бесплатна онлајн обука за трудници и родилки: „Постпородилната депресија не е табу тема“

➡️Доколку сте бремена и се подготвувате за новата улога или пак сте мајка на новороденче, Ви нудиме можност за обука, која ќе Ви даде одговор на овие прашања:
- Кои се причините за појава на постпородилна депресија?
- Како успешно и навремено да ги препознаам симптомите?
- Како да си помогнам?
- Како може моето семејство да ми помогне?
- Каде да побарам стручна помош?

➡️Главен предавач: м-р Тина Васков, клинички невропсихолог, Когниција (www.kognicija.mk)

➡️Времетраење на обуката: 4 сесии по 120 минути

➡️Термини на одржување:
Сесија 1: 22.02.2024, 18.00 – 20.00ч.
Сесија 2: 29.02.2024, 18.00 – 20.00ч.
Сесија 3: 07.03.2024, 18.00 – 20.00ч.
Сесија 4: 14.03.2024, 18.00 – 20.00ч.

➡️Рок за пријавување: 04.02.2024;

➡️Доколку сте заинтересирана, пријавете го своето учество на email адреса: [email protected].
- Име и презиме
- Контакт телефон и e-mail адреса;

➡️ Бројот на места е ограничен и регистрацијата ќе тече до пополнувањето на бројот на пријавени;

➡️Доколку имате прашања, пишете ни на: [email protected]

➡️Реализацијата на оваа обука е овозможена од dm drogerie markt Makedonija

Follow the path of knowledge...
Следи ја патеката на знаењето...

Address

Prashka 44
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Lifelong Learning Center / Центар за доживотно учење posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Lifelong Learning Center / Центар за доживотно учење:

Share