28/02/2026
Оваа година Денот на ретки болести го одбележуваме поинаку.
Денес, на 28 февруари, ќе бидеме дел од „Библиотека на ретки приказни“ – простор каде болеста не се објаснува со дијагноза, туку преку животот на човекот што живее со неа.
Како Вилсон Македонија, ќе ја раскажеме приказната за Вилсоновата болест – не само низ медицинските факти, туку низ секојдневието: како изгледа животот со хронична терапија, што значи навремена дијагноза, со какви предизвици се соочуваат пациентите и семејствата, и колку е важна поддршката од системот и заедницата.
Ако сакате да слушнете вистинска приказна, да поставите прашања и да дознаете повеќе – дојдете.
Зад секоја ретка болест стои човек. А секоја приказна заслужува да биде слушната.
Честит Ден на ретките болести ❤️💙💚💛🩷💜
Ве очекуваме во Дајмонд Мол во Кафе Литература во 12 ч. да ги запознаете лицата зад дијагнозите, да седнете со лице и слушнете приказна 🫂
✅️ Затоа што реткоста не значи небитност, а нашите приказни не се шепот 🦓📚🫶