05/06/2026
📱 ДИГИТАЛНО СЛЕДЕЊЕ: Контрола под маската на „љубов“
Дали партнерот инсистира на „целосна транспарентност“? Ова не е доверба, туку психолошко насилство.
🚨 Препознај ги знаците:
Барање лозинки од социјалните мрежи.
Постојано „Каде си и со кого си?“ во пораки.
Барање локација во живо (live location).
Лутење и драма ако не се јавиш веднаш.
🎯 Целта е јасна: Постојан надзор и целосно елиминирање на твојата приватност.
Имаш право на свој простор и живот без страв и притисок. Не го оправдувај контролирањето. 🚫