21/04/2026
🇲🇰🇨🇭Швајцарската комора на Северна Македонија SwissCham MK го организираше првиот од серијата „Деловни разговори“ на тема „Иновации и квалитет во учење преку работа: Швајцарски пристап, локална примена“.
Курт Витрих, тим лидер на проектот „Образование за вработување- Е4Е“, направи јасна паралела помеѓу швајцарскиот и македонскиот дуален модел. Тој посочи дека во изминататие 9 години постигнати се значајни резултати на национално ниво во однос на учењето преку работа, но клучно е да се задржи моментумот и дополнително да се работи на надминување на новите предизвици и унапредување на квалитетот на образованието.
Како важни насоки за натамошен развој ги наведе:
👉 прилагодување на учењето преку работа на новата генерација
👉 воведување посилен секторски пристап кон учењето преку работа
👉 зголемување на часовите за учење кај работодавач
👉 проширување на моделот и во високото образование
Дијалогот помеѓу институциите и бизнис секторот останува клучен за одржлив и квалитетен систем на образование кој одговара на потребите на пазарот на труд.