15/04/2026
[КОЛУМНА] „Секој што некогаш користел вештачка интелигенција, особено за некакви „креативни“ цели, знае дека таа работи врз база на зададени задачи, односно промптови. И знае дека некогаш е потребно трпение и задавање низа додатни промптови за да го добиете резултатот што барем донекаде ќе ве задоволи. Во таа смисла, навистина се поставува прашањето кој е вистинскиот автор на уметничкото дело? Оној што ги поставува задачите или оној што ги извршува?“
✍️ Ѕвездан Георгиевски
Прочитајте повеќе: https://prizma.mk/kolumni/novoto-normalno-na-veshtachkata-inteligentsija/
„По овие два последователни настани, не ми беше тешко да замислам една не толку далечна дистопија, во која вештачката интелигенција пишува литература и вештачката интелигенција ја рецензира таа литература. При што, рецензиите се објавуваат во медиуми, генерирани од вештачка интелигенција и кои ги кликаат – ботови.
Но, работите не се толку едноставни и не можат да се сведат (само) на етичките прашања околу авторството, како што тоа може да изгледа на прв поглед. Тоа, впрочем, го покажа и широката дебата што се разви, особено по случајот на Балард.“
Прочитајте ја целата #колкумна: https://prizma.mk/kolumni/novoto-normalno-na-veshtachkata-inteligentsija/