Kolektiv Z

Kolektiv Z A collective dedicated to building people power for intersectional transformative actions to improve

Дел од атмосферата и како си поминавме на тренингот минатиот петок каде се дружевме со млади луѓе од цела 🇲🇰 Овој тренин...
22/12/2025

Дел од атмосферата и како си поминавме на тренингот минатиот петок каде се дружевме со млади луѓе од цела 🇲🇰 Овој тренинг беше прв чекор во формирањето на национално младинско тело за младинската вклученост во официјалните климатски политики.

12/12/2025

На годишната средба, имавме чест да слушнеме директно од нашите партнери Kolektiv Z за нивните искуства и впечатоци како младински учесници на .

🌍Нивната порака беше јасна: одлуките за климатска акција и заштита на животната средина мора активно да ги вклучуваат младите.

01/12/2025

И за крај 🌎 COP30 Recap 🌍 Се гледаме на следниот COP31 👋

22/11/2025

[Дел 1] Праведна транформација на моменталниот енергетски систем е очајно потребна. Таа никако не смее да биде од политички интерес и врз грбот на локалните заедници, екосистеми, луѓе... Ова е возможно и има примери досега за многу “community-owned” енергија и нашата земја има големи можности да стане енергетски праведна со оддржлива енергија која не загадува и ги руши домовите на луѓето, животните и природата.

И покрај големите врати кои не се баш отворени за млади кои сакаат да се вклучат во климатските политики, уверувања одно...
21/11/2025

И покрај големите врати кои не се баш отворени за млади кои сакаат да се вклучат во климатските политики, уверувања одново и одново за нефункционалните институционални патишта кои ги имаме кај нас, негласањето против фосилни горива од страна на нашата м[а/и]ла (читај како сакаш) држава, еден пожар и мноогу снимени видеа и слики, Белем did us good! 🌸

Уникатниот биодиверзитет на Македонија — од Преспанското Езеро до Шар Планина — се соочува со зголемени закани од загаду...
19/11/2025

Уникатниот биодиверзитет на Македонија — од Преспанското Езеро до Шар Планина — се соочува со зголемени закани од загадување, губење на
живеалишта, нелегална сеча, инвазивни видови и ефектите од климатската криза. Овие притисоци не се само еколошки, туку и социјални, бидејќи влијаат врз квалитетот на животот, системите за храна и безбедноста на водата на заедниците. Младите низ целата земја повикуваат на конкретни мерки за заштита и обновување на биодиверзитетот како и вградување на грижата за
екосистемот во образованието, политиката и секојдневниот живот.

Кривичниот законик на земјата според член 218-б го признава Екоцидот, наведувајќи „Тој што ќе предизвика уништување, ошт...
19/11/2025

Кривичниот законик на земјата според член 218-б го признава Екоцидот, наведувајќи „Тој што ќе предизвика уништување, оштетување или трајна
деградација на екосистемот, живеалиштата или природните ресурси во обем што сериозно ги нарушува или ги уништува животната средина, здравјето или безбедноста на луѓето, ќе се казни со затвор од најмалку десет години„
Сепак, и покрај постоењето на правна основа, речиси воопшто нема дејствија во врска со неодамнешните екоциди, како што се: 1) загадувањето на воздухот, кое придонесува за 1 од 9 смртни случаи кај доенчињата, што ја прави Македонија една од земјите со највисока стапка на смртност од загаден воздух во Европа; 2) лов на заштитени животински видови без дозвола, 3) неодамнешни истекувања на олово и цијанид во реките од блиски рудници, 4) уништување на реките и околните екосистеми за изградба на мали хидроцентрали, 5) шумски пожари и
сомнителнo подметнати пожари кои стануваат сè почести.

Принципот „Загадувачот плаќа“ е вграден во националното законодавство преку член 9 од Законот за животна средина, во кој...
19/11/2025

Принципот „Загадувачот плаќа“ е вграден во националното законодавство преку член 9 од Законот за животна средина, во кој се вели „Загадувачот е должен да ги надомести трошоците за отстранување на опасноста од загадување на животната средина, да ги поднесе трошоците за санација и да плати правичен надомест за штетата причинета врз животната средина, како
и да ја доведе животната средина, во најголема можна мера, во состојба како пред оштетувањето.
“ Сепак, Државниот завод за ревизија заклучи дека, во пракса, овој принцип не се почитува, особено за испуштање вода, управување со отпад и емисии. Едно од клучните прашања е недостатокот на координација и размена на информации меѓу институциите. [Извадок од Националната Младинска Изјава, прочитај повеќе на линкот во био]

19/11/2025

🌎 Деновите за млади и деца на 🌎Која е нашата улога како младински претставници на COP и како младите можат и треба да дејствуваат за вистински промени. 🍃 Слушнете и видете дел од атмосферата од Младинскиот Форум! Следете нè за повеќе моменти, идеи и инспирација директно од COP30!

Анкица и Софија се во Белем, Бразил каде ја претставуваат 🇲🇰 на COP30 🌎  Тие ја презентираа Младинскста Изјава креирана ...
19/11/2025

Анкица и Софија се во Белем, Бразил каде ја претставуваат 🇲🇰 на COP30 🌎
Тие ја презентираа Младинскста Изјава креирана од младите на Северна Македонија на Глобалната Младинска Конференција за Клима (COY20), што се оддежа од 6 до 8 ноември во Белем, Бразил, непосредно пред COP30. Клучната порака на младинската изјава гласи:
„Замислуваме Македонија која придонесува за мирот, ја штити и негува животната средина и ги поддржува правата и достоинството на сите народи. Усогласувањето на нашите инвестиции и надворешна политика со овие принципи не е само морален императив, туку пат кон посигурна, поправедна и одржлива иднина за генерациите што доаѓаат.“
Нивното присуство е доказ дека кога младите се слушнати и поддржани, можат да создадат вистинска промена, не само во својата земја, туку и на светската преговарачка сцена.

Ова е почеток на едно ново поглавје за климатската акција во Северна Македонија. Поглавје во кое младите не се само сведоци, туку вистински носители на праведни и вистински промени.✊🏼

✊🏼 In solidarity from Belem, Brazil 🇧🇷🌎Секоја година за време на COP се случува големиот марш за подобар свет, каде обич...
18/11/2025

✊🏼 In solidarity from Belem, Brazil 🇧🇷🌎

Секоја година за време на COP се случува големиот марш за подобар свет, каде обичните луѓе се собираат на улиците и маршираат за подобар свет! Свет без фосилни горива, без бришење на цели заедници и екосистеми за профит, свет кои ги поддржува оние кои најмногу ја чувстуваат климатската криза на своја кожа.

Ние знаеме дека заедно сме посилни и само така можеме против империалистичкиот-капиталистички систем коj секојдневно не угнетува сите нас и против кој мораме да се бориме! Бидејќи само ова е решението!

На истиот ден во Скопје, се случуваше маршот на ангелите за правда за Кочани ✊🏼 Овие протести и акции се меѓусебно поврзани, бидејќи никој не е слободен се додека живееме во овој трул свет кој им служи само на малкумина. Време е за промена која доаѓа од нас самите, луѓето!

Address

50 Divizija Br. 22
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kolektiv Z posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Kolektiv Z:

Share