За „Сенки и облаци“: основани во 2005год. како неформална група на истомисленици, кои истата година ја подготвија својата прва претстава со сенки „Баш челик“. Влечејќи корени од Karadjoz уметничката традиција (воведена за прв пат во Македонија од Турците пред повеќе векови) нивните претстави прераснуваат во модерна изведба со едукативни елементи. Проектите на групата се со различни теми, тематики
и техники. Тие имаат визија за општеството како место каде луѓето ќе го искусуваат животот преку уметностите и едукација преку забава. Нивната мисија е да ги поттикнат луѓето ширум светот, а особено младите, да користат креативни модели и алатки за пренесување на пораки, подигнување на свеста и стекнување со животни вештини и способности. Повеќе на: http://shadowsandclouds.org/
За MTV Staying Alive: MTV Staying Alive фондацијата е интернационална продуцентска организација која дава грантови и е посветена на борбата против ширењето на ХИВ помеѓу младите луѓе. Фондацијата создава и дистрибуира предизвикувачки и забавни содржини за превенција од ХИВ преку MTV каналите и други емитувачи, со тоа што наоѓа и финансира млади лидери кои се директно инволвирани во борбата против ХИВ епидемијата во нивните заедници. Повеќе на: http://www.facebook.com/mtvstayingalive
За проектот: За прв пат во Македонија младите имаат шанса преку театар на сенки да ги разголат табуата и тајните на сексуалното и репродуктивното здравје. Проектот ќе се реализира во МКЦ во неколку фази:
*Викенд тренинг за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје
(9 и 10 Февруари.)
*Три викенд работилници за создавање театарска претстава со сенки
(16 и 17; 23 и 24 Февруари; 2 и 3 Март)
*Театарски караван низ Македонија (Април)
Апликација http://goo.gl/nj9Nb или http://bit.ly/U6tWIG заедно со CV (кратка биографија) на следниот e-mail [email protected] најдоцна до 31.01.2013год.