10/05/2026
Slow Food Vоdno беше дел од EUROPE DAY 2026 ВО ГРАДСКИОТ ПАРК – ПРАЗНИК НА ЗАЕДНИШТВОТО И ИДЕИ ШТО ОБЕДИНУВААТ
🌳Под зелените крошни на Градскиот парк во Скопје, во пролетен ден исполнет со насмевки и оптимизам на многубројните посетители, вчера се одбележа Europe Day– празник на заедништвото, културата и вредностите што ги поврзуваат луѓето.
🎯Градскиит парк беше подготвен во своите пазуви да ги прими сите добронамерници, љубители на традицијата, вкусната храна и убавата дружба.
Меѓу бројните учесници, посебен белег остави тимот на Слоу Фуд Водно, кој на најдобар можен начин ги бранеше боите на Слоу Фуд Македонија. Нашите штандови беа извор на автентични вкусови, миризби и приказни од македонската гастрономија.
Многубројните посетителите беа пред интересни предизвици, и токму тука беа најголемите гужви: се дегустираа диховските сирења на Игор, препознатливи по својот богат и традиционален вкус, мајсторски подготвените намази на Пеце, како и домашните џемчиња на Мирјана натопени со вкусовите на природата, овошјето и сонцето. Гурманите беа привлечени од ајварот и намазот од див лук на Владо, моќна палета на производите од тартуфи на Валентина, и мераклиските сувомеснати специјалитети на Гаврилоски.
Винските приказни ги надополнија винариите Јостела и Мирон, со своите внимателно одбрани вина, Лумен со добрите ракии, Даре со пивото Белеза Бруинг, додека соковите на Балтазар внесоа дополнителна свежина и природна нота во целото доживување.
🎉И останатите учесници, занаетчии, производители и поддржувачи на уметноста, создадоа атмосфера исполнета со живот, искреност и чувство на припадност, претворајќи го Градскиот парк во огромен пикник, масовна журка и место за средби, култура и европскиот дух.
↗️На сцената кај „Школка“ настапија бендови, DJ сетови, создавајќи свежи урбани звуци и добра енергија. Популарниот „Маалски бувљак“, во организација на Комбо креативно студио, понуди уникатни предмети и креативни стории, зоната на одржлива економија со Yes for Less донесе зелени идеи и инспиративни иницијативи, додека зоната за растенија со Цветко имаше креативни растителни изработки.
За најмладите и сите љубители на играта, подготви интерактивни активности, а Food Corner со вкусните штандови со храна и пијалаци беше привлечно гастрономско искуство на отворено.
🇪🇺Europe Day пулсираше во ритмот на единството, културната различност и заедничките европски вредности, докажувајќи дека најубавите работи се токму оние што нè зближуваат – љубовта кон традицијата, добрата мисла и културата.