Асоцијација на архитекти на Македонија / Assoc. of Architects of Macedonia

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Асоцијација на архитекти на Македонија / Assoc. of Architects of Macedonia

Асоцијација на архитекти на Македонија / Assoc. of Architects of Macedonia Целите, одредбите и делокругот на работата на ААМ се подредени на поширокиот интерес за развој, унапредување и афирмација на архитектонска

По завршуваньето на Биеналето во октомври 2025 година во Скопје, дел од авторските трудови беа изложени на четвртата Год...
07/05/2026

По завршуваньето на Биеналето во октомври 2025 година во Скопје, дел од авторските трудови беа изложени на четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Офицерскиот дом во Битола, одржана на 28 и 29 ноември 2025 година. Истата поставка се префрли на 13 март 2026 година во Домот на културата „Антон Панов" во Струмица. Потоа поставката продолжи во Куманово, отворањето на изложбата се одржа на 14 април во Домот на културата „Трајко Прокопиев".

На некој начин постепено заликува на патувачки караван низ Македонија.

Во продолжение најава за следната изложба во Охрид!
Се гледаме!

Срдечен поздрав,
ААМ.

РЕТРОСПЕКТИВА[1981 - 2023]БИМАС каталози
28/04/2026

РЕТРОСПЕКТИВА
[1981 - 2023]
БИМАС каталози

Почитувани колеги,Ве информираме дека Австриската Комора распишува Интернационален конкурс за награда за жени архитекти ...
04/04/2026

Почитувани колеги,

Ве информираме дека Австриската Комора распишува Интернационален конкурс за награда за жени архитекти и инженери под името anotHERVIEWture Award 2026.

Ова е извонредна прилика не само да конкурирате за оваа престижна награда, туку и да се вклучите во мрежата WOMEN COMMUNITY - дигитална база на податоци за архитектонски и инженерски проекти и платформа за вмрежување за жени професионалци ширум светот, каде ќе имате можност да се поврзете, споделувате искуство и да црпите инспирација од приказните на успешни жени професионалци во оваа област.

Категории на меѓународни награди:

• Категорија 3: Национално/Меѓународно женско инженерско достигнување на годината

• Категорија 4: Меѓународна жена архитект на годината

Награден фонд за победникот во секоја категорија е 5,000€.

- Датум за почеток на поднесување на проект : 31 март 2026 година

- Доделување награди: 22 октомври 2026 година во Виена, Австрија



Дознајте повеќе на

https://www.anotherviewture.at/

// иницијатива на Австриската комора на архитекти и овластени
инженерски консултанти (Bundeskammer der Ziviltechniker:innen Österreich).

Срдечен поздрав,
ААМ

Денес, 31.3.2026 година (вторник), се одржа XVI ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ на Инженерската Институција на Македонија (ИМИ) во хо...
31/03/2026

Денес, 31.3.2026 година (вторник), се одржа XVI ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ на Инженерската Институција на Македонија (ИМИ) во хотел „Холидеј Ин”.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја доби наградата за најактивно здружение во ИМИ од вкупно 18 здруженија кои членуваат во неа.

Асоцијацијата е позната по доделување на нејзини награди и веројатно прв пат е во ситуација таа да биде наградена. Тоа е навистина чест за неа, со големо задоволство е примена наградата.

Се надеваме дека ќе продолжиме по истиот пат и во иднина...

Искажуваме искрена благодарност

На 26 март 2026 година, на првата вечер од серијата на пролетни настани во организација на фестивалот „Пролет на Македон...
27/03/2026

На 26 март 2026 година, на првата вечер од серијата на пролетни настани во организација на фестивалот „Пролет на Македонскиот Дизајн", својата дејност ја претставија тројца домашни говорници.

Во едно од овие обраќања говореше и Марија Димитриевска Цилакова - потпретседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Ставајќи го фокусот на врската помеѓу контекстот и архитектурата, во 2019 година Марија го основа своето студио „архитектура нова". Заедно со својот тим го реализира проектот кој меѓу 200 други учесници и со интернационално стручно жири, влегува во потесен избор помеѓу пет студија. Станува збор за биеналната изложба "TIME SPACE EXISTENCE" во Palazzo Mora во Венеција во 2025 година.

Согласно темата на настанот, која беше посветена на дела направени од изминатата година, ги поздравуваме и останатите говорници со нивните излагања, како и организаторите на настанот!

Срдечен поздрав,
ААМ

На 13 март (петок) во 19:00 часот, во просториите на НУЦК „Антон Панов" - Струмица, беа изложени дел од авторските трудо...
25/03/2026

На 13 март (петок) во 19:00 часот, во просториите на НУЦК „Антон Панов" - Струмица, беа изложени дел од авторските трудови од изложбата од Биеналето на современа македонска архитектура „XXII БИМАС 2025”.

Во продолжение гледате дел од атмосферата на изложбата.

Срдечен поздрав,
ААМ.

Жири комисијата за Големата Годишна Награда (ГГН) за најуспешна архитектонска реализација за 2025 година е во следниот с...
15/12/2025

Жири комисијата за Големата Годишна Награда (ГГН) за најуспешна архитектонска реализација за 2025 година е во следниот состав:

- Архитект Мето Хаџи Андов - претседател на комисијата
- Архитект Јагода Мицајкова - член на комисијата
- Проф. Анета Христова - член на комисијата
- Архитект Бранислава Ѓорѓевиќ - член на комисијата
- Архитект Даница Јурмовска - член на комисијата

ЈАВЕН ПОВИКза учество за доделување наГолема годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело за 2025...
11/11/2025

ЈАВЕН ПОВИК

за учество за доделување на

Голема годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело за 2025 година




▫️Телефон за информации: 070 377 258

▫️Лице за контакт: Марија Димитриевска Цилакова

Управен одбор на ААM.

20/10/2025

Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ве покануваме на свеченото затворање на „XXII Биенале на современа македонска архитектура - БИМАС 2025”, кое ќе се одржи во Музеј на современа уметност во Скопје на 20ти Октомври 2025 година во 19:00 часот.

Срдечен поздрав,
ААМ.

ЈАВЕН ПОВИКза предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2025 година.
22/09/2025

ЈАВЕН ПОВИК
за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2025 година.

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 11:00 - 15:00
Tuesday 11:00 - 15:00
Wednesday 11:00 - 15:00
Thursday 11:00 - 15:00
Friday 11:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Асоцијација на архитекти на Македонија / Assoc. of Architects of Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Асоцијација на архитекти на Македонија / Assoc. of Architects of Macedonia:

Share