Фондација д-р Верица Механџиска

Directions Website Contact the organization

Фондација д-р Верица Механџиска 🤝 Поддршка на ранливи категории.
Фокус на лица од спектарот на аутизам. 🧩
🏗️ Градиме еднакви можности за сите.

ХУМАНОСТ • ЕДУКАЦИЈА • ИНКЛУЗИЈА

Фондацијата Др. Верица Механџиска продолжува со хуманата мисија да помага онаму каде што е најпотребно.

📢 Со задоволство ја најавуваме Меѓународната конференција за аутизам 2026 - „Низ призмата“!Секое дете и секоја индивидуа...
16/10/2026

📢 Со задоволство ја најавуваме Меѓународната конференција за аутизам 2026 - „Низ призмата“!

Секое дете и секоја индивидуа со аутизам го доживува светот на свој уникатен начин. Време е да погледнеме низ призмата на науката, искуството, можностите, емпатијата и современите практики - спојувајќи ги најновите светски достигнувања во медицината, вештачката интелигенција и раната интервенција со уметноста, гласот на семејствата и редизајнирањето на општеството, со цел заедно да изградиме свет без бариери и системска поддршка во текот на целиот животен век.

Од 18 до 20 ноември 2026 година во Хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, во организација на Фондацијата д-р Верица Механџиска, ги отвораме вратите на настанот кој на едно место обединува врвни меѓународни и домашни експерти, самозастапници, дефектолози, психолози, лекари, едукатори, студенти и родители.

Што ве очекува низ 4-те сали (Перспективи, Калеидоскоп, Рефлексија и Фокус)?
🔹 Предавања од реномирани светски и домашни експерти
🔹 Панел-дискусии и интерактивни работилници за практични вештини
🔹 Консултативно катче „ФОКУС“ за директен пристап до експерти и персонализирани насоки за родители и стручни лица

📅 Датум: 18–20 ноември, 2026
📍 Локација: Хотел „Холидеј Ин“, Скопје

Учеството е бесплатно, но местата се ограничени! Обезбедете го вашето присуство навреме и бидете дел од промената.

🎟️ Билети и регистрација:
https://tix.mk/event/438/niz-prizmata-megjunarodna-konferencija-za-autizam?lang=mk
ℹ️ Целосна агенда и повеќе информации:
https://fvm.com.mk/megjunarodna-konferencija-za-autizam-niz-prizmata/

Со особена гордост, нашата Фондација донираше и отвори сензорна соба во ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје, создавајќи нов про...
14/10/2026

Со особена гордост, нашата Фондација донираше и отвори сензорна соба во ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје, создавајќи нов простор за поддршка и развој на децата. 💙✨

Сензорната соба е многу повеќе од обична просторија – таа е безбедно катче каде што децата со нарушувања од спектарот на аутизам можат да се релаксираат, да ги намалат сензорните дразби, но и слободно да учат и да истражуваат. Преку внимателно избрани сензорни елементи, овој простор овозможува активности што директно придонесуваат за развој на вниманието, координацијата, емоционалната регулација и самостојноста на децата.

Особено ни е драго што оваа иницијатива ја реализиравме во соработка со училиштето, водени од заедничката визија за поинклузивна образовна средина во која секое дете е прифатено, поддржано и има можност да го достигне својот целосен потенцијал.

Им благодариме на градоначалникот на Општина Карпош г. Сотир Лукровски, на директорката на училиштето и на сите кои ја поддржаа оваа иницијатива. Веруваме дека вистинските промени започнуваат кога заедно се застапуваме за еднакви права на сите деца.

14/10/2026
Денес ви ги претставуваме Наташа Арсова и Цане Манасков, кои на свој начин учествуваат во дел од проектите на Фондацијат...
11/10/2026

Денес ви ги претставуваме Наташа Арсова и Цане Манасков, кои на свој начин учествуваат во дел од проектите на Фондацијата д-р Верица Механџиска.

Едниот придонес се препознава преку директното учество во активностите, преку подготвеноста да се помогне и да се биде присутен таму каде што е потребно.

Другиот придонес доаѓа преку креативноста - преку способноста визијата да се преточи во збор, слика, порака и емоција. Преку креативниот пристап, приказната на Фондацијата добива глас и лице, а вредностите што таа ги застапува стануваат поблиски и подостапни за луѓето. Така, пораката не само што се пренесува, туку и допира, поврзува и поттикнува на размислување.

Иако нивните улоги се различни, она што ги поврзува е истата верба во мисијата и желбата да придонесат. Зашто зад секоја реализирана активност и зад секоја порака што допира до нечие срце стојат луѓе кои вложуваат дел од себе.

Зад секоја наша успешна иницијатива стојат луѓе кои секојдневно работат на нејзината реализација.​Денес ви го претставув...
10/10/2026

Зад секоја наша успешна иницијатива стојат луѓе кои секојдневно работат на нејзината реализација.

​Денес ви го претставуваме Дени Стојанов, координатор на Фондацијата д-р Верица Механџиска. Неговата задача е мисијата на Фондацијата да ја преточи во конкретни, видливи активности. Со неговата енергија, водена од човечноста и искрената грижа за другите, ги претвора целите во дела кои оставаат трага во заедницата.

​Преку одлична организација, комуникација и секојдневна посветеност, тој се грижи иницијативите да добијат своја форма, да се поврзат со вистинските луѓе и да стигнат таму каде што се најпотребни.

​Вредноста на секоја идеја се мери според нејзината реализација, а токму преку посветеноста на луѓето, идеите прераснуваат во конкретни дела со реално влијание.

Вистинската сила на секоја визија се луѓето кои секојдневно ја претвораат во дела.​Денес ви ја претставуваме Бранка Џајк...
08/10/2026

Вистинската сила на секоја визија се луѓето кои секојдневно ја претвораат во дела.

​Денес ви ја претставуваме Бранка Џајковска, директор на Фондацијата д-р Верица Механџиска. Она што ја прави нејзината работа навистина вредна не е само професионалноста, туку човечноста со која пристапува кон секоја потреба и секоја приказна.

​Како директор, таа ја носи одговорноста за водењето и развојот на Фондацијата, за претворањето на нејзината мисија во јасни цели и одржливи активности. Со посветеност и одговорност, се грижи визијата на основачите да продолжи да се развива и да претставува реална вредност за заедницата.

​Визијата е почетокот, но луѓето се тие што ѝ даваат движење. Идејата го покажува патот, но посветените луѓе се тие што чекорат по него истрајно, одговорно и со верба дека секое добро дело може да создаде промена.

Денес ви ја претставуваме Маја Топкоска – член на Управниот одбор на Фондацијата д-р Верица Механџиска и незаменлив дел ...
06/10/2026

Денес ви ја претставуваме Маја Топкоска – член на Управниот одбор на Фондацијата д-р Верица Механџиска и незаменлив дел во секој чекор од нашата заедничка приказна.

Постојат луѓе кои во себе носат нешто исконско, добрина што доаѓа природно, тивка човечност и чувство за другиот. Таа е една од нив. Носи вредности кои денес се поретко ги среќаваме, искреност, верност, сочувство и подготвеност да биде тука за секого, без да очекува нешто за возврат.

Лично ја познаваше д-р Верица во чија чест е основана нашата фондација, па нејзиното присуство во неа има посебна емотивна вредност. Со себе носи жив спомен и блискост што и даваат лично значење на нашата мисија. Преку нејзината посветеност, тој спомен продолжува да живее во грижата за децата со аутизам и нивните семејства.

Во фондацијата внесува тивка, човечка топлина што создава доверба и чувство на припадност. Нејзиното присуство не потсетува дека најдлабоката почит кон некого ја изразуваме преку добрината што ја продолжуваме во негово име.

Секоја силна визија опстојува благодарение на луѓето кои непоколебливо веруваат во неа.Денес ви ја претставуваме Христин...
05/10/2026

Секоја силна визија опстојува благодарение на луѓето кои непоколебливо веруваат во неа.

Денес ви ја претставуваме Христина Механџиска - коосновач на Фондацијата „д-р Верица Механџиска“ и партнер во визијата уште од самиот почеток.

Како член на Управниот одбор, таа внесува јасна насока во секоја донесена одлука. Со своето искуство и посветеност, учествува во насочувањето и развојот на иницијативите на Фондацијата и во зачувувањето на вредностите врз кои е изградена.

Да се чува и развива визијата бара истрајност, големо срце и длабока сочувствителност. Нејзината верба се препознава во вниманието и грижата кон секоја иницијатива за создавање подобар и поинклузивен свет - постојано потсетувајќи нè дека вистинската хуманост се покажува преку конкретни дела.

Најголемата сила на една организација лежи во столбовите кои цврсто ги чуваат темелите и се основа за понатамошно градење, со истата љубов, истата верба и истата причина поради која сè започна.

Зад нас се неколку месеци интензивна работа и над 300.000 евра насочени во донации и проекти кои директно влијаат на под...
24/06/2026

Зад нас се неколку месеци интензивна работа и над 300.000 евра насочени во донации и проекти кои директно влијаат на подобрување на квалитетот на животот во нашата заедница. Градиме модел кој не нуди само привремени решенија, туку трајна грижа и системска поддршка за социјална инклузија.
​Овие резултати се само мотив плус да продолжиме со истата посветеност. 💙

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Фондација д-р Верица Механџиска posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Фондација д-р Верица Механџиска:

Shortcuts

Share