ЕХО Фестивал на планински филм

ЕХО Фестивал на планински филм Each day, that passionate love of nature weaves stories that leave everyone breathless.

The festival tries to be a channel through which many different inspirational and educational stories about the mountains, athletes and mountain communities from all around the world - will "echo" in our own community. We invite you to enjoy this year’s EHO (meaning Echo in Macedonian), resonating from the mountains across the globe, organized by Alpinizam.org and other partners. Each day, thousan

ds of people live their dreams in the mountains: they hike, climb, ski, explore caves, go kayaking through the river rapids or glide on the mountain winds. The EHO of those adventures, carried by their simplicity and candour, reaches us – it inspires and motivates us to love and enjoy nature more passionately, to go beyond our limits, to continue furthering that energy through our stories.


“As long as I live, I'll hear waterfalls and birds and winds sing. I'll interpret the rocks, learn the language of flood, storm, and the avalanche. I'll acquaint myself with the glaciers and wild gardens, and get as near the heart of the world as I can… My method of study was to drift from rock to rock and grove to grove… I camped wherever night found me… When I discovered a new plant, I sat beside it for a minute or a day, to make its acquaintance and try to hear what it had to tell me. I asked the boulders where they came from and where they were going…” John Muir (1838-1914)


During EHO and the Mountain Film Days in Skopje, let us drift from one rock face to another, let us hear the sounds of waterfalls and birds, let us acquaint the plants, and learn the lessons that nature teaches us, brought to us through those magnificent movies, photographs, and presentations.

Благодариме Андреј, Александар и Наталија 😇Моменти од синоќешната средба со МЕД-арите кои не' запознаа малку подобро со ...
02/12/2025

Благодариме Андреј, Александар и Наталија 😇
Моменти од синоќешната средба со МЕД-арите кои не' запознаа малку подобро со неколку основни елементи од животот на волкот и другите крупни месојади во Македонија и важноста од нашиот соживот со нив - и важноста од тоа општо за природата.

Во прекрасниот амбиент на ЕУ Хаус, опкружени со фотографии од природата, прво како што беше најавено, го погледнавме победничкиот филм во еколошката категорија на Ехо оваа година, а потоа се препуштивме на нова доза пренесување љубов кон волкот рисот, мечките... ❤

Благодариме 🙏
Europe House Skopje
Македонско еколошко друштво

Подготвени во Europe House Skopje 😇Почнуваме во 19 часот со филм, а потоа во 20:15 часот со дискусија за соживотот помеѓ...
01/12/2025

Подготвени во Europe House Skopje 😇

Почнуваме во 19 часот со филм, а потоа во 20:15 часот со дискусија за соживотот помеѓу волците (и други месојадои), природата и човекот. ❤️

Македонско еколошко друштво ќе ни подготви прекрасна едукативна содржина.

Соживот со волкот, други крупни месојади, природата и човекот... Заштитени подрачја, еколошки коридори, зачувување на пр...
26/11/2025

Соживот со волкот, други крупни месојади, природата и човекот... Заштитени подрачја, еколошки коридори, зачувување на природни живеалишта...

👉 Презентациите и разговорите потоа низ прашања, со членовите на Македонско еколошко друштво секогаш биле супер интересни за нашата публика до сега и често сме морале за жал да ги прекинуваме поради навлегување во програмата.

Затоа сметаме дека треба да имаме посебни настани на овие теми - секогаш многу интересни и важни. Така е планирана и оваа прва средба, за време на која ќе имаме проекција на филм и дискусија на тема „Живееме заедно: Волкот (и другите крупни месојади), природата и човекот“ 😇

Со нас, како претставници на МЕД ќе бидат Александар Павлов, Андреј Гонев и Наталија Меловска и ќе можеме да слушнеме за тоа како крупните месојади живеат покрај нас, зошто доаѓа до конфликти и што значи вистински соживот. Ќе бидат допрени и темите на заштитени подрачја, еколошки коридори и зачувување на природните живеалишта.

Дискусијата ќе се одржи по проекцијата на наградуваниот филм „Наши волци“ – искрен приказ на европскиот „омразен месојад“, победник во еколошката категорија на годинешното 16. издание на Ехо Фестивалот. Филмот низ лични приказни и научни увиди го руши митот за „лошиот волк“ и отвора пат кон нови начини на разбирање и коегзистенција.

📍 Локација и време:
Europe House Skopje,
1 декември (понеделник), 19 часот

Главното жири, во состав Пјотр Туркот од Полска, Михаел Паузе од Германија и Давид Чан од Швајцарија, одлучуваше и за На...
30/10/2025

Главното жири, во состав Пјотр Туркот од Полска, Михаел Паузе од Германија и Давид Чан од Швајцарија, одлучуваше и за Најдобар долгометражен филм и за Главната награда на фестивалот.

👉 Со нас, вечерта за време на прогласувањето беше Пјотр, кој ги прогласи победниците и ги прочита образложенијата:

📍 Најдобар долгометражен филм: „Последната експедиција“, на Елиза Кубарска од Полска
Добро заокружен и вешто изработен филм што користи различни алатки – интервјуа, архивски снимки и аудиозаписи, графики и дневнички белешки. Впечатливо раскажување на приказната. Моќен филм што ја истражува природата и светот на спортот во кој доминираат мажи. Силни интервјуа кои зборуваат сами за себе, преку кои може да се почувствува огорченоста и љубомората со кои се соочувала Ванда. Филмот го прикажува кревкиот баланс во кој жените мора да направат „повеќе“ од своите машки колеги за да бидат прифатени како рамноправни, но во исто време треба да внимаваат да не го повредат кревкото машко его. Иако е заснован на историски факти, приказната содржи и мистичен елемент што нè тера да се прашуваме и да се надеваме – дали Ванда можеби сè уште е некаде таму.

📍 Главна награда на Ехо 2025: „Суровиот пат“, на Дејан Барарев од Бугарија
По 40 години, овој филм претставува директен и немилосрден осврт на една бугарска експедиција на Монт Еверест. Иако филмот има јасна и едноставна структура, во историски контекст тој е извештај за националистичкиот хероизам; тој открива лаги, разоткрива лични конфликти меѓу членовите на експедицијата и се осмелува да претстави „нова“ вистина.
И покрај тоа што раскажувањето има јасна и едноставна форма, филмот го одржува нивото на возбуда низ целото времетраење: неговите „столбови“ се силните протагонисти, автентичните историски снимки (од самата експедиција, но и од политичкото ниво во Софија), како и немилосрдните коментари на вклучените личности кои, по 40 години, конечно ги откриваат своите огорчености, љубомора, недоверба и потценување.

Македонската алпинистичка федерација, претставувана од тројца свои членови, Христина Крстеска, Илија Циривири и Мартин П...
30/10/2025

Македонската алпинистичка федерација, претставувана од тројца свои членови, Христина Крстеска, Илија Циривири и Мартин Пејоски - е одговорна за прогласување на најдобрите филмови во две категории: Најдобар алпинистички филм и Најдобар качувачки филм. 😇

👉 Одлуките и образложенијата ги прочитаа Илија и Христина:

📍 Најдобар алпинистички филм: „Патагонија: достигнат врв“, на Денис Лукјанчук од Казахстан.
Суштината на секој филм е да раскаже приказна и да пренесе порака. „Патагонија: достигнат врв“ не е епска приказна за неискачен врв. Наместо тоа, интимно портретира сериозно искачување кое е длабоко значајно за мала група алпинисти. Режијата е отстранета, дозволувајќи им на ликовите, планинскиот пејзаж и сировиот алпинизам сами да ја раскажат приказната, што резултира со наратив кој навистина е лесен, природен и луциден.
Приказната која ја раскажува не иманентно врзана со алпинистичкиот подвиг, до толку повеќе зборува за другарството како животна линија. Тоа е самото искачување. На многу искрен начин се претставени меѓучовечките односи, потребите и страстта. Филмот умешно ја истакнува вистината дека во алпинизмот нема простор за ништо повеќе од себенадминувањето како императив поткрепен од другарството и взаемната доверба.
Искачувањето е прикажано онака како што навистина е: сериозна обврска кон себе си, кон партнерите и кон планината. Нема славенички ставови, туку почит кон ризикот и природата. Овој документарец е поема посветена на човечкиот однос, сместена во една од најсуровите природни средини. Тој е антитеза на нарцисоидните шоуа, нудејќи ја чистата, нефилтрирана убавина на заедништвото во лицето на заедничкиот предизвик.

📍 Најдобар качувачки филм: „Поларна светлина“, на Алесандро Белтраме од Италија
„Поларна светлина“ го следи патот на четири алпинисти чија авантура не почнува на 1.200 метри вискиот ѕид, туку на мирните, но замрзнати води на Гренланд.
Целта на оваа авантруа (во нејзината есенција) е двојно амбициозна: со кајак да препловат 300 километри замрзната вода носејќи ги на малите кајаци своите надежи и опрема. А потоа да искачат недопрена карпа. Ова не е експедиција диктирана од его или желба за слава; таа е водена од примарниот инстинкт за истражување, од чистата потрага по авантура во светот на качувањето. Филмскиот наратив, како и нивното патување, има природен тек и со леснотија ја истакнува суштината. Нема вештачки драматизации. Камерата ги снима немите, величествени ледени ѕидови, исцрпените, но исполнети лица на алпинистите и огромниот празен простор што проголтува. Музиката е минимална, дозволувајќи им на звуците на природата да ја создадат атмосферата.
Најголемата сила на филмот лежи во неговата филозофија: нивната цел не е самиот врв, туку есенцијата на авантурата. Гледаме како се радуваат на секој поминат километар на вода, на секоја успешно поставена точка за обезбедување. Искачувањето на самиот ѕид не е прикажано како краен триумф, туку како природен продолжеток на нивното истражување – последниот чекор во потрагата по нешто автентично и чисто.
„Поларна светлина“ е ретко и вредно освежување во продукција на документарците за екстремни спортови. Тој не инспирира да го освоите врвот, туку да го цените патот што води до него и да го слушате вашиот внатрешен повик за истражување. Ова е филм за луѓето кои гледаат на карта и сонуваат за празните простори, за оние кои веруваат дека вистинската авантура не е фотографијата од врвот.

Како што се приближуваме до последниот ден на изданието, со нетрпение секогаш ги очекуваме одлуките на жиријата. Низ год...
30/10/2025

Како што се приближуваме до последниот ден на изданието, со нетрпение секогаш ги очекуваме одлуките на жиријата. Низ годините многу често одлуките ни доаѓале „нормално“ и „очекувано“, но понекогаш сме биле и изненадувани, и повторно - сме се согласувале во стил „А ха!“, бидејќи сме гледале на одлуката како на нешто „свежо“ и излегување од некој колосек, но разбирливо и оправдано. Таква одлука оваа година ни дојде од жирито во категоријата за Најдобар филм за снежни спортови 😇

👉 Трочленото жири во оваа категорија, во состав Сања Спасовска, Марија Петковска и Марко Дарков, за Најдобар филм за снежните спортови на ова издание, го прогласи филмот: „Кога ќе те фати бубачката“ на Емил Лендертс од Норвешка.

📍 Сања пред публиката го даде следното образложение:
Она што најмногу ни го привлече вниманието кај овој филм е поинаквиот пристап на се' она што е веќе видено и добро познато во ски филмовите, но овојпат прикажано од поинаква перспектива на “зависник”.
Зависник од адреналин, врвови, големи линии и добро скијање, нешто со кое сите се поистоветуваме - е тоа што ни остави прв впечаток. Затоа што и самите ние го бркаме тоа чувство особено на почетокот на секоја сезона кога со првиот снег се буди “зависникот” во нас.
Од аспект на кинематографија, прикажани се прекрасни аспекти од Норвешките Алпи, зајдисонца високо над фјордовите што го одзема здивот во секој кадар, со леснотија е прикажана врската помеѓу сноубордингот и сурфањето кога “зависниците” во потрага по нова доза адреналин влегуваат во леденото Норвешко море и сурфаат меѓу фјордовите. Со доза иронија и хумор на сесиите за зависници лесно ја доловува желбата и страста кон планините, вложениот труд да се освои една линија и истата да се извози со особена пасија и желба за наредна авантура.

Главното, меѓународно жири на овогодинешното издание на Ехо, се состеше од: Пјотр Туркот (Полска), Михаел Паузе (Германи...
29/10/2025

Главното, меѓународно жири на овогодинешното издание на Ехо, се состеше од: Пјотр Туркот (Полска), Михаел Паузе (Германија) и Давид Чан (Швајцарија). Ова жири одлучуваше за најдобар филм во две категории и за Главната награда. 😇

👉 Во категоријата „Најдобар филм на тема природа и култура“, жирито за победник го прогласи филмот „Светлина која води“ на Кристина Родригез Паз од Шпанија.

📍 Образложението кое во име на жирито го прочита Пјотр Туркот, следи:
Еден извонреден, енигматичен и носталгичен документарец, што ја доловува исчезнувачката професија која бара издржливост, осаменост, посветеност и саможртва. Повеќе од портрет на едно занаетство, ова е медитација за хуманизмот, за минливоста на времето и за тивката понизност што стои зад безбедноста која светлината ја носи во темнината на ноќта. Создаден со извонредна чувствителност, филмот ја пренесува својата симболична приказна преку моќна игра на слика и звук. Емоционална посвета не само на една исчезнувачка професија, туку и на едно избледено чувство — химна на посветеноста, грижата и тивката сила.

Жирито за Најдобар краток филм, кое се состоеше од членови на креативниот тим на фестивалот за краток филм од Струга, Др...
29/10/2025

Жирито за Најдобар краток филм, кое се состоеше од членови на креативниот тим на фестивалот за краток филм од Струга, Дрим Шорт Филм Фестивал, донесе одлука да прогласи победнички филм, како и да додели специјално признание. 😇

👉 Жирито, во состав Лидија Мојсовска, Јаков Попоски и Раде Гогоски, ја донесе следната одлука:

📍 Победник во категорија Најдобар краток филм на Ехо 2025:
„Внатрешен хоризонт - Аника Хорн“, на Титуан Бесиер од Швајцарија
Филмот успева со ретка искреност да навлезе во интимниот простор на едно семејство и да ни го пренесе авантуристичкиот дух што ги поврзува генерациите. Преку лични, емотивни архивски снимки, се гради портрет на еден татко, чија љубопитност и храброст подоцна неговата ќерка има желба да ги истражи.
Приказната тивко се отвора од семејниот архив, а потоа продолжува во експедиција, прво такво патување на таткото и ќерката, исполнето со моменти на нежност, тишина и заедничко откривање. Филмот ја отвара темата за прашањата што немаат јасни одговори, но остануваат длабоко човечки.

📍 Специјално признание во категорија Најдобар краток филм на Ехо 2025:
Специјално признание за филмот „Дом“, на Александра и Јулија Повалч од Полска - со режија која го одзема здивот и ја доловува суштината на планината, филмот ни прикажува уникатна филозофија на чувствата, на исклучителни личности кои сведочат за своите интерни доживувања наспроти она што за нив е дом, планината, таму каде што се игра со тишината. Овие луѓе на планината и даваат чувства, или ова се луѓето кои можат да ги препознаат чувствата на планината.

Оваа година имавме 4-члено жири за Најдобриот еколошки филм, дел од тимот на Македонско еколошко друштво:Данка Узунова, ...
28/10/2025

Оваа година имавме 4-члено жири за Најдобриот еколошки филм, дел од тимот на Македонско еколошко друштво:
Данка Узунова,
Наталија Меловска,
Сара Крстевска и
Александар Павлов. Благодариме 😇

👉 Тие одлучија признанието за Најдобар еколошки филм, да го доделат на филмот „Наши волци“, на Самер Анџелоне од Италија.

📍 Образложението за одлуката е следно:
Овој филм ја претставува приказната за волкот, низ очите на луѓе од сите сфери на животот. Нарацијата се движи низ различни приказни, што вешто го прикажуваат поларизираниот свет населен со поддржувачи и противници на волкот. Филмот скромно се обидува да го прикаже можеби најомразениот, најстрашниот и најпогрешно разбран месојадец во Европа, нудејќи увид во неговата екологија, во меѓувидовите и внатревидовите односи, како и во конфликтот со човекот. Широкиот спектар на ликови, дополнително ја збогатува приказната, додека науката се обидува да ја разјасни природата на волкот и да воспостави рамнотежа меѓу човекот и волкот. Овој документарец доаѓа како повик за будење, во време кога европските политики засновани на страв, изгледа дека ги засенуваат потребите за заштита на волкот. Потребни ни се приказни што даваат нова слика за „Големиот лош волк“ – а ова е одличен пример за тоа.

Време е да почнеме да ги соопштуваме наградените фотографии и филмови. Да започнеме со фотографиите:Пред се' голема благ...
27/10/2025

Време е да почнеме да ги соопштуваме наградените фотографии и филмови. Да започнеме со фотографиите:

Пред се' голема благодарност до сите автори, за споделување на своите приказни со нас. Секогаш преубав начин да се најави еден планински фестивал. 😇

👉Трочленото жири, во состав Горан Кузмановски, Кети Талевска Бакревска и Димитар Чунговски ја донесоа следната одлука:

📍1-во место
Рамадан Абдиу, Наслов - Шар Планина
Фотографијата ја освои првата награда поради нејзината совршена композиција и одлично чувство за доловување на момент. Фотографирана во точно време од денот, со природна светлина која нежно го осветлува снежниот дел на планината, таа создава чувство на мир и рамнотежа. Водечките линии природно го насочуваат погледот кон врвот, додека чешмата во средината, што асоцира на планинска форма, ја заокружува целината со симболична смисла.
Сите елементи — текстурата, боите и тоновите — се во хармонија, создавајќи фотографија што истовремено е технички прецизна и инспиративна.

📍2-ро место
Верица Спасовска Рафајловска, Наслов - Трите оџаци
Фотографија која плени со нејзината моќ и величенственост. Фотографирана од долен план, композицијата уште повеќе ја нагласува грандиозноста на планинските масиви, кои гордо се издигнуваат во облаците. Мистичната атмосфера со маглата и меката светлина внесува чувство на спокој и длабочина. Технички совршено изведена, со прецизен баланс на контраст, текстура и тон, таа пренесува јасна порака за сила, мир и возвишеност на природата.

📍3-то место
Мери Бошкоска, Наслов - Во прегратка на планините
Фотографијата го освои третото место поради извонредната композиција и длабочина која преку прекрасните линии на планините не води кон зајдисонцето. Прекрасно искористено природно светло, создавајќи мек преод меѓу сенките и осветлените делови. Палетата на бои е чиста, хармонична, со суптилен баланс помеѓу студените и топлите тонови. Порака што ја пренесува е мир, просторност и ни дава чуство на бескрајност. Момент фатен во совршено време од денот.

Europe House SkopjeИстражувачко Друштво "Урсус Спелеос"
27/10/2025

Europe House Skopje
Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос"

Ќе се согласите дека во текот и на ова издание, имавме можност да се дружиме со прекрасни луѓе и да слушнеме одлични - е...
26/10/2025

Ќе се согласите дека во текот и на ова издание, имавме можност да се дружиме со прекрасни луѓе и да слушнеме одлични - едукативни и инспиративни презентации. 😇

👉 Би сакале преку оваа посебна објава, да ја искажеме нашата голема благодарност до:
Андреј Гонев
Наталија Меловска
Данка Узунова
Андон Бојаџи
Антонио Додевски
Дамјан Петрески
Филип Бабич
Ања Петек
Патриција Вердев
и Урша Кешар.

Благодариме! 🙏

Благодарност за свој придонес во презентациите и до:
Ambasada RP w Skopje / Амбасада на Република Полска во Скопје
Македонско еколошко друштво
National Park Galicica
Алпинистички клуб Патагонија Охрид - Alpine club Patagonia Ohrid

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЕХО Фестивал на планински филм posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ЕХО Фестивал на планински филм:

Share