29/12/2025
Отвореното првенство на Град Скопје во стандард шах ќе се одржи на 31.01. и 01.02 2026 година во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ во организација на Шаховскиот Сојуз на Град Скопје.
Првенството ќе биде организирано во четири категории и тоа за натпреварувачи до 8, до 10, до 12 и до 16 години.
Првенствата за натпреварувачи до 12 и до 16 години ќе бидат рејтингувани од ФИДЕ.
Право на учество имаат сите деца и младинци на возраст до 16 години.
Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на mail [email protected] најдоцна до 28.01.2026 година.