16/05/2026
Со големо задоволство бевме дел од отворањето на Народната канцеларија – простор за дијалог, соработка и активно учество на граѓаните во општеството.
„Видлива Поддршка“ ја поздравува оваа иницијатива која отвора можности за поголема инклузија, достапност и слушање на гласот на сите граѓани, особено на лицата со попреченост и младите.
Веруваме дека само преку заедничка комуникација, разбирање и вклученост можеме да создадеме поотворено и похумано општество за сите.
Благодарни сме за поканата и можноста да бидеме дел од овој значаен настан. 💙