06/05/2026
Известување за членови на ЗКПКМ!
Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Центарот за стратешки истражувања при МАНУ и Македонското пенолошко друштво, на 12 мај 2026 година со почеток во 11 часот во МАНУ, организираат јавна расправа по Нацрт Предлог на Законот за пробација. Чест и задоволство нѝ е да Ве поканиме на јавната расправа. Нацрт Предлогот на Законот за пробација е објавен на ЕНЕР на 2.9.2025 година.
Текстот на Предлог Законот е достапен на следнава страница:
(https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=107
907).
Станува збор за особено значаен Закон со оглед на фактот што со Законот за пробација се уредува содржината, целта и начинот на спроведување на пробациските работи, како и органите надлежни за нивно извршување. Целта на законот и неговата примена е заштита на заедницата од сторителите на кривични дела преку нивна ресоцијализација и реинтеграција во општеството, со намалување на ризичните фактори кои можат да доведат до сторување на кривични дела. Со овој закон се уредуваат и пробациските работи во однос на процена на ризик на обвинет, постапка за извршување на алтернативните мерки условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа и куќен затвор, изречени спрема полнолетни сторители во кривична постапка, како и извршувањето на условниот отпуст со заштитен надзор изречен по одлука на суд, кои се извршуваат во заедницата, целта, положбата на лицата во постапката за извршување на алтернативни мерки и надзор над извршувањето.
Од јавната расправа ќе произлезат заклучоци во насока на унапредување на текстот на Нацрт Предлог на Законот за пробација.
Оттука, од големо значење ќе биде вашата експертиза во насока на давање предлози за измена и дополнување на Нацрт Предлог на Законот.
Ве молиме, заради организација на настанот Вашето присуство или учеството на лице кое ќе ја претставува вашата институција да го потврдите најдоцна до 8 мај 2026 година на [email protected].
Однапред Ви благодариме.