Дневниот Центар за деца на улица - со преставништво во Шуто Оризари започна да се имплементира од февруари 2006 година и опстојува се до денес.
Здружението за Заштита на правата на детето е лиценциран давател на социјални услуги од страна на Министерството за труд и социјалба политика односно реализира активности кои се однесуваат на давање социјални услуги во заедницата, преку организационaта
единици, согласно својот Статут и Решение од Централен Регистер од август 2021 година, регистрирана како “Дневен центар за деца на улица (Daycare Center for Street Children) кој обезбедува социјални услуги на дневен престој на децата во ризик (деца на улица).
Имено, од февруари 2006 година Дненвиот центар отпочна како проект насловен „Едукативно-забавен дневен центар за деца на улица“ и истиот беше поддржан од фондот за развој на општините од Светска банка со период на спроведување од месец февруари до септември 2006 година.
Водени од интересите и потребите на дечињата (деца на улица) тимот ентузијастички и со голема посветеност и упорност наоѓаше решенија (финанскиски можности) за негово продолжување а со цел децата повторно да не се вратат на улица. Имаше периоди кога немавме никаква финасиска поддршка а тимот продолжуваше да работи со децата. Оттогаш до денес низ овој центар им помогнал на околу 600 дечиња.
Работиме со 62 деца (деца на улица) од 43 семејства согласно просториниот капацитет, на возраст од 04 до 17 годишна возраст, од понеделник до петок.
Целта и мисијата на центарот е да ги заштити нивните права, да им ги пренесе моралните вредности, да изградат позитивни навики, да стекнат самодоворба и одговорност, да се социјализира, да им се обезбеди безгрижно детство, какво што секое дете заслужува
Станува збор за Центар каде овие деца прв пат во својот живот добиваат одредена грижа, навика и внимание Нуди социјални услуги и сервиси во надминување на нивните проблеми и потреби кои можат да помогнат во подобрување на нивната животна ситуација.
Децата во Дневниот Центар ја одржуваат и личната хигиена, се бањаат, добиваат и оброк кој во текот на денот на повеќето од нив им е и единствен. Доста посветено се грижиме овие дечиња да бидат здрави, заштитени и сигурни, самостојни, креативни и среќни, но исто така и да го добијат задолжителното образование. Тие учат да бидат дел од останатиот свет, да имаат нормално детство кое секое дете го заслужува. Во Центарот доаѓаат и помалите членови на семејството со цел да се избањаат, да добијат оброк да поминат малку време во топла просторија и да градат позитивни навики.
Се нуди и неформално образование-подготовка и описменување на децата за влегување во образовниот систем и подршка на децата кои се запишани во училиштата за што подолго останување во образовниот систем (помош во пишување на домашни задачи, учење, изработка на проектините задачи итн.).
Се спроведуваат работилници со семејствата/родителите на различни теми кои соодејствуваат на проблемите и потребите со кои се соочуваат во нивниот живот, помош во постапките за обезбедување основни видови на здравствена заштита (добивање на здравствена книшка), посредување во имунизација, посредување кај здравствени институции за добивање одреден вид здравствена услуга и заштита,, активности за обезбедување на лична документација од матичните евиденции, активности за обезбедување хуманитарна помош во топла облека, обувки, училишен материјал, хигиенски пакети и теренска работа,откривање/ идентификување на деца во социјален ризик, семејства и одделни групи население.
По навршување на 18 год. грижата за младинците продолжува преку нивно вклучување во едукации, работилници и обуки за нивно оспособување и вклучување на пазарот на труд. Се работи и на самодовербата и на нивната проактивност и самозастапувањето.
Успешна работна интеграција кај младинците има преку продажбата на уличниот магазин на „Лице в лице’’ за стекнување работни вештини.