Библиотекарско здружение на Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Библиотекарско здружение на Македонија

Библиотекарско здружение на Македонија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Библиотекарско здружение на Македонија, Non-Governmental Organization (NGO), Гоце Делчев бр. 6, Skopje.

18/05/2026
Уште еден успешно реализиран Републички натпревар „Млади библиотекари“!На 15 мај, во прекрасната атмосфера на Домот на к...
16/05/2026

Уште еден успешно реализиран Републички натпревар „Млади библиотекари“!

На 15 мај, во прекрасната атмосфера на Домот на култура „Драги Тозија“ - Ресен, успешно се одржа 25. републички натпревар „Млади библиотекари“, настан кој и оваа година ја потврди љубовта на младите кон книгата, знаењето и библиотекарството.

Натпреварот беше успешно спроведен од страна на комисијата во состав:
📚 Гордана Кроткова од Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје – претседател,
📚 Ивана Стојанова од НУУБ „Гоце Делчев“, член
📚 Сања Јованова Петров од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, член
како и еден претставник од домаќинот и еден претставник од менторите.

По прегледувањето на тестовите од пријавените учесници, комисијата ги донесе следните резултати:

🥇 1. место – Ана Бучуковска од ООУ „Коле Канински“ – Битола, со ментор Наташа Лозановска
🥈 2. место – Бисера Глигорова од ООУ „Коле Неделковски“ – Скопје, со ментор Весна Трајкова
🥉 3. место – Александра Алексова од ООУ „Димитар Влахов“ – Штип, со ментор Сузана Николова

Упатуваме искрена благодарност до сите ученици кои учествуваа на натпреварот. Токму нивната љубопитност, посветеност и љубов кон книгата се најголемата вредност и причината поради која овој натпревар успешно опстојува веќе 25 години. Искрени честитки до сите учесници и нивните ментори!

Голема благодарност и до членовите на комисијата за нивната професионалност, посветеност и вложен труд.

За успехот на учениците, Библиотекарското здружение на Македонија обезбеди пригодни подароци, а како прекрасно дополнување за првонаградените, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје донираше три изданија од „Правопис на македонскиот јазик“.

Дополнително, колешката Гордана Кроткова и оваа година обезбеди убава и вредна донација од Тримакс – за првите три места беа доделени по еден од сите три изданија од прекрасните и исклучително корисни изданија: „Географски атлас“, „Историски атлас“ и „Вселена“.

За сите учесници и ментори беа доделени потврди за учество, како и по една книга исто така донација од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Особена благодарност упатуваме и до директорот на Дом на култура „Драги Тозија“ за поддршката, прекрасниот прием и гостопримството за повеќе од 70 присутни гости. Во знак на благодарност, од страна на Библиотекарско здружение на Македонија му беше доделена благодарница-плакета.

Со особена радост најавуваме дека домаќин на 26. републички натпревар „Млади библиотекари“ следната година ќе биде Библиотеката во Битола.

Благодариме ученици, ментори, библиотекари, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Тримакс и Дом на култура „Драги Тозија“ — затоа што заедно создаваме простор и услови каде што љубовта кон книгата, знаењето и библиотеките продолжува да расте.

Нека овој натпревар продолжи да ги инспирира младите да читаат, истражуваат и да веруваат во силата на образованието и културата. 📖✨

11/05/2026

Почитувани,

Ова е уште едно потсетување за претстојниот Републички натпревар „Млади библиотекари“. Овој 25. републички натпревар ќе се одржи на 15 мај со почеток во 11:00 часот во Дом на култура „Драги Тозија“ - Ресен.

Се гледаме!

11/03/2026

Почитувани,
25. републички натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи на 15 мај 2026 година, во Дом на култура „Драги Тозија“ - Ресен. Натпреварот ќе биде со почеток во 11.00 часот. До 30 април испратете ги записниците на [email protected] од одржаните Општински натпревари. Во записниците наведете точни податоци за кандидатот: име и презиме, училиште, одделение, а за менторот име и презиме и институција.
Се гледаме во Ресен!
ИО на БЗМ
Јана Михајловска, претседател

📚 Одржано 55. редовно годишно собрание на Библиотекарското здружение на МакедонијаНа 24 февруари 2026 година, во Центаро...
24/02/2026

📚 Одржано 55. редовно годишно собрание на Библиотекарското здружение на Македонија

На 24 февруари 2026 година, во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа редовното годишно собрание на БЗМ.

Во работниот дел од Собранието беа разгледани и едногласно усвоени:
– Записникот од 54. собрание,
– Годишниот извештај за работа на Здружението,
– Годишниот финансиски извештај,
– Завршната сметка,
– како и Годишниот план за работа и финансискиот план на БЗМ за 2026 година.

🔹 Избрани се следните комисии:

📌 Комисија „Млади библиотекари“

Гордана Кроткова – НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Сања Јованова Петров – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Ивана Стојанова – НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип

📌 Комисија „Библиотека на годината“

д-р Јана Михајловска – претседател на БЗМ

Весна Бошева Русовски – НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Ѓултен Ајрули – Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово

Ивана Велкоска – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Моника Талеска – Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп

📌 Комисија за доделување на „Климентова повелба“ за животно дело

Валентина Дојчиновска Илиоска – НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Билјана Павличковска – НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Андријана Апостоловска – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Стојка Илиева Аџиева – НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип

Марина Мијаковска – НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Воедно, беа извршени и замени во одредени тела на БЗМ поради прекин на членството на досегашни членови.

🤝 Благодарност до сите членови за активното учество и поддршката во работата на Здружението.

Извршен одбор на БЗМ
д-р Јана Михајловска, претседател

Со големо задоволство ве известувам дека го објавивме најновиот број на списанието Библиотекарство за 2025 година. Списа...
20/01/2026

Со големо задоволство ве известувам дека го објавивме најновиот број на списанието Библиотекарство за 2025 година. Списанието може да го преземете од : https://bzm.mk/spisanie-bibliotekarstvo-2025/

Како главен и одговорен уредник на ова списание се надевам дека овој број посебно ќе ви се допадне!
Благодарност до Издавачкиот совет, а посебно се заблагодарувам до Редакцискиот совет!

Со почит и до скоро видување,
Срдечно,
Јана Михајловска

Издание 2025Издание 2024Издание 2023Издание 2022Издание 2021Издание 2020Издание 2018Издание 2017Издание 2016Издание 2015Издание 2014Издание 2013Издание 2012Издание 2011Издание 2010Издание ...

Честитки за вашиот јубилеј Библиотека Борка Талески  и благодарност за вашето внимание кон Библиотекарското здружение на...
27/12/2025

Честитки за вашиот јубилеј Библиотека Борка Талески и благодарност за вашето внимание кон Библиотекарското здружение на Македонија со надеж за идна соработка.

05/12/2025
27/11/2025

Почитувани,

Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, во состав: Весна Бошева Русовски (претседател), Јана Михајловска, Ивана Стојанова, Кристина Ѓоргиевска и Снежана Георгиевска, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“, по разгледување на материјалите доставени со пријавите на објавениот јавен повик, заклучи дека врз основа на исполнувањето на критериумите на највисоко ниво, признанието „Библиотека на годината“ за 2025 година да им биде доделено на:

📚 ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци (категорија: јавни библиотеки)
🏫 Библиотеката при ОУРЦ „Иднина“ – Скопје (категорија: основни училишта)
🎓 Библиотеката Халкбанк при Меѓународниот балкански универзитет – Скопје (категорија: високошколски библиотеки)

Честитки!!!

Искрена благодарност до сите библиотеки коишто се пријавија на повикот!

Доделувањето на признанијата ќе се одржи на 5 декември 2025 година (петок) во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а по повод патрониот празник на Библиотеката.

14/11/2025

Address

Гоце Делчев бр. 6
Skopje
1000

Telephone

078/208 449

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Библиотекарско здружение на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Библиотекарско здружение на Македонија:

Share