12/10/2026
На 25.09.2026 година организиравме настан за поврзување на младите и бизнис заедницата „Инклузивни политики за вработување“.
На настанот учествуваа претставници од одделенија за човечки ресурси во приватни компании, агенции за посредување при вработување, организации и институции кои обезбедуваат поддршка на лица во социјален ризик, како и млади лица кои се дел од проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“.
На наше огромно задоволство, панелист на настанот беше и г-ѓа Александра Јаковчевска, Директорка на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, а активно учествуваа и ученици од училиштето. Им благодариме на поддршката и на професорката г-ѓа Тања Тодорова, како и на г-ѓа Беира Салифоска и г-н Кристијан Лазарев, поранешни ученици сега вработени во ова училиште со ресурсен центар, кое е исклучителен пример како ентузијазмот, љубовта и посветеноста кон работата носат позитивни промени.
Настанот беше убава можност да разговараме околу инклузивноста на процесите на регрутирање и вработување на нови лица, како истите да се унапредат, а споделивме и добри пракси од обуките за професионално менторство (менторство за интеграција на работното место) кои ги организиравме изминатиот период во рамки на нашиот проект со претставници на бизнис заедницата, а кои на наша радост наоѓаат и практична примена во компаниите 😇