Institute for Archaeological Research - Skopje

Institute for Archaeological Research - Skopje Институтот за Археолошки Истражувања е Здружение на граѓани кое дејствува првенствено на полето на археологијата

Институтот за Археолошки Истражувања е Здружение на граѓани кое дејствува првенствено на полето на археологијата,формирана во 2016 година.

Македонија и воопшто Централен Балкан изобилува со археолошки локалитети од дамнешни времиња. Многу од нив се постари и ...
28/05/2026

Македонија и воопшто Централен Балкан изобилува со археолошки локалитети од дамнешни времиња. Многу од нив се постари и од пирамидите во Гиза, а еден таков локалитет се наоѓа во Скопје – Тумба Маџари. Гостин во новата епизода на „Умен поткаст“ е д-р Перо Синадиновски, археолог, чија потесна специјалност е неолитот.

Македонија и воопшто Централен Балкан изобилува со археолошки локалитети од дамнешни времиња. Многу од нив се постари и од пирамидите во Гиза, а еден таков локалит....

Со голема тага ја примивме веста за прераната смрт на нашиот колега и пријател, Ване. Ќе го паметиме по неговата посвете...
21/05/2026

Со голема тага ја примивме веста за прераната смрт на нашиот колега и пријател, Ване. Ќе го паметиме по неговата посветеност, професионалност и човечност. Остави трага што никогаш нема да биде заборавена. Изразуваме искрено сочувство до семејството, блиските и сите кои го познаваа.

Почивај во мир, Ване.

Со длабока тага ја известуваме јавноста дека почина нашиот драг колега, археолог Ване П. Секулов.

Ване Секулов беше врвен професионалец, посветен археолог и човек кој со голема љубов, знаење и одговорност му пристапуваше на секој сегмент од својата работа. Неговата стручност, истражувачки дух и искрена посветеност кон заштитата и проучувањето на културното наследство оставија значаен белег во нашата установа и во стручната јавност. Со години несебично го вложуваше своето знаење и искуство, работејќи со достоинство, трпение и голема почит кон минатото што сите заедно сме должни да го чуваме.

Дипломирал на катедрата за археологија и историја на уметност на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тој беше долгогодишен истражувач на Црвено Поле и Римската терма во Банско. Долги години раководеше и беше учесник во голем број значајни археолошки истражувања во Струмица и Источниот регион на Република Македонија.

Автор е на многу стручни публикации од областа на археологијата, претежно од периодот на владеењето на Римското Царство. Тој беше главен организатор на меѓународниот симпозиум по археологија.

Исто така, беше иницијатор за публикување на стручниот Зборник на трудови Аcta Musei Tiberiopolitani.

Активно се залагаше за промоција и конзервација на богатото културно наследство. Учесник е на голем број симпозиуми и научни конференции во земјата и странство, каде ги презентираше резултатите од неговите истражувања.

Погребот ќе биде одржан во сабота, 23 мај, во 13:00 часот на Градските гробишта во Струмица, додека телото ќе биде изложено во капелата од 11:00 часот.

Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, блиските, пријателите и сите кои го познаваа и почитуваа.

Некои луѓе не заминуваат целосно, затоа што дел од нив останува во делата што ги создале, во вредностите што ги пренеле и во спомените што засекогаш ќе ги чуваме.

Драг Ване, ти благодариме за сè.

Нека ти е вечна славата...

По повод Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, под годинашното мото „Музеите го обединуваат поделениот свет“, Археолошки...
20/05/2026

По повод Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, под годинашното мото „Музеите го обединуваат поделениот свет“, Археолошкиот музеј подготви програма која преку културното наследство потсетува на она што нè поврзува – приказните, вредностите и човечкото искуство низ времето. Во постојаната нумизматичка поставка се изложени околу 2.500 монети, кои датираат од почетоците на монетоковањето на овие простори, од 6 век пр. н. е., па сè до 19 век. Во поставката се претставени монети откриени преку археолошки истражувања од целата територија на државата.

– Во постојаната нумизматичка поставка се изложени околу 2.500 монети, кои датираат од почетоците на монетоковањето на овие простори, од 6 век пр. н. е., па сè до 19 век. В...

По повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, во Археолошкиот музеј во Скопје вечерва во 19 часот свечено ќе биде повто...
18/05/2026

По повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, во Археолошкиот музеј во Скопје вечерва во 19 часот свечено ќе биде повторно отворена постојаната нумизматичка збирка во Музејот. Ќе бидат претставени околу 2.500 монети што раскажуваат приказна за повеќе од два и пол милениуми, од 6 век пред новата ера до 20 век.

По повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, во Археолошкиот музеј во Скопје вечерва во 19 часот свечено ќе биде повторно отворена постојаната нумизматичка збирка ....

13/05/2026

Долгогодишното невработување на нов кадар и згаснувањето на местото кога професор ќе замине во пензија полека си ја постигнува целта - Институтот за некоја година ...

11/05/2026

Стибера не е само археолошки локалитет кај Чепигово. Таа е тивок град под земја, со мермерни статуи, агора, Гимназион и меморија на една урбана Пелагонија. Античка М....

Годинашната програма комбинира продолжување на веќе започнати истражувања со отворање нови археолошки пунктови. Континуи...
05/05/2026

Годинашната програма комбинира продолжување на веќе започнати истражувања со отворање нови археолошки пунктови. Континуитетот е особено важен во археологијата, бидејќи само долгорочните истражувања овозможуваат целосно разбирање на стратиграфијата и културните процеси. На дел од локалитетите, истражувањата влегуваат во фаза на заокружување, што значи дека по неколку сезони се приближуваме до дефинирање на нивната функција, хронологија и значење. Истовремено, новите локалитети отвораат простор за поставување нови научни прашања и ревидирање на постојните интерпретации.

„Буџетот за 2026 година делегиран од страна на Министерството за култура и туризам е повеќе од двојно зголемен, можеме да работиме на многу повеќе археолошки истраж....

Во Археолошкиот музеј во Скопје денеска во 14 часот ќе биде отворена изложбата посветена на археологот Кирил Трајковски....
29/04/2026

Во Археолошкиот музеј во Скопје денеска во 14 часот ќе биде отворена изложбата посветена на археологот Кирил Трајковски. Изложбата претставува и достоен омаж на долгогодишната и посветена работа на археологот Трајковски, чие истражување остави длабока трага во проучувањето на овој период.

Во Археолошкиот музеј во Скопје денеска во 14 часот ќе биде отворена изложбата посветена на археологот Кирил Трајковски, во соработка со Фондацијата „Кирил Трајко....

Предавање на тема „Активности на Националниот археолошки музеј во Скопје: Историја и перспективи на проектот Доцноантичк...
28/04/2026

Предавање на тема „Активности на Националниот археолошки музеј во Скопје: Историја и перспективи на проектот Доцноантички урбан центар во Валандово (LAVA)“ ќе биде одржано денеска во 15 часот на Универзитетот „Никола Коперник“ во Торуњ, Полска.
Предавањето е значајно за меѓународна промоција на македонското културно наследство, археолошките истражувања и современите научни проекти поврзани со локалитетите во Валандово.

Предавање на тема „Активности на Националниот археолошки музеј во Скопје: Историја и перспективи на проектот Доцноантички урбан центар во Валандово (LAVA)“ ќе биде ...

Пред неколку дена се одржи презентација на проектот „Идејна виртуелна реконструкција на Маркови кули – Водно, Скопје“. О...
02/01/2026

Пред неколку дена се одржи презентација на проектот „Идејна виртуелна реконструкција на Маркови кули – Водно, Скопје“. Овој проект е поддржан од страна на Министерството за култура и туризам и претставува важна кампања за дигитално прикажување и враќање во живот на едно од најзначајните културно-историски места во Скопје. Целта е да се приближи овој локалитет до широката јавност, установите од културата и образованието, граѓаните, како и да се придонесе кон туристичката привлечност на градот.

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Institute for Archaeological Research - Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Institute for Archaeological Research - Skopje:

Share