15/10/2026
📢 Како се спроведуваат политиките за Роми во Северна Македонија и каде се потребни дополнителни напори?
Ромалитико организира презентација на Извештајот во сенка за имплементацијата на политиките за Роми во Северна Македонија, на која ќе ги споделиме клучните наоди и препораки за унапредување на инклузијата на Ромите.
Заедно со претставници на институциите и учесниците ќе разговараме за предизвиците во спроведувањето на политиките и за следните чекори што можат да донесат промени во секојдневниот живот на ромската заедница.
📅 21 октомври 2026 година
🕙 10:00–12:00 часот | Прием на гости од 09:30
📍 Клуб на пратеници, Скопје
Настанот се организира во рамки на проектот „Надвор од Бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија.