01/08/2025
Блупринт групата за реформи во правосудството се приклучува кон јавната реакција на Мрежа за заштита од дискриминација за предложениот кандидат за Народен правобранител.
❗️Функцијата Народен правобранител е длабоко поврзана со довербата на граѓаните во институциите. Законот изрично пропишува дека таа е неспоива со членување во политичка партија и тоа не само како формално ограничување туку како израз на неопходноста институцијата да биде независна, непристрасна и неподложна на партиски влијанија.
Реакција на:
Институт за човекови права (ИЧП)
Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС)
Македонско здружение на млади правници (МЗМП)
Хелсиншки комитет за човекови права
Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)
Институт за европска политика (ЕПИ)