13/05/2026
Апелиравме и повторно апелираме: да се нападне дете и да му се накалемат дела кои не ги сторил е: КРИВИЧНО ДЕЛО и сторителите ќе мора да одговараат.
Да се нападне дете, да му се наметне вина без причина, да се фабрикуваат лажни материјали и дигитални содржини со цел да му се наштети, тоа не е само морално недозволиво, туку претставува кривично дело. Секој што ќе се дрзне да злоупотреби дете за сопствени цели, секој што ќе го набеди за дела кои не ги сторил, мора да знае дека носи кривична одговорност и ќе треба да одговара пред Законот.
Во конкретниот случај, каде што едно дете беше лажно обвинето дека се заканило со убиства во училиште, станува збор за грубо нарушување на неговите права и достоинство.
- Заштита на децата е обврска на секое општество.
- Кривична одговорност следува за секој што ќе се обиде да ги злоупотреби нивните права.
- Институционалната реакција мора да биде навремена и соодветна.
https://www.facebook.com/share/p/1EXNVBveok/