МАКЕДОНСКОТО МОНТЕСОРИ ЗДРУЖЕНИЕ е формирано во февруари 2006 година како невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација.
Здружението беше засновано по иницијатива на група обучени Монтесори воспитувачи (педагози, дефектолози, психолози) организирани на доброволна основа, кои ги спои вербата во децата и истите образовни, хумани и социјални начела. Идејата беше подржана и од родители на деца со и без посебни потреби, кои подоцна се вклучија во организацијата како нејзини активисти или волонтери.
Денес Македонското Монтесори Здружение брои 50 членови, но и понатаму перманентно работи на квалитативно подобрување и омасовување на своето членство, со цел попрофесионално реализирање на својата цел и задачи.
ММЗ во 2006 година го формира монтесори центарот со цел промоција и развој на Монтесори педагогијата во РМ.