10/06/2026
✨ Успешно реализиран мјузиклот „Убавицата и Ѕверот“! 🎭🌹
Со голема радост ја споделуваме успешната изведба на мјузиклот „Убавицата и Ѕверот“, реализирана од Студиото за деца и млади Broadway JR и Здружението КРЕО – АКСИС Скопје пред бројна детска публика во ООУ „Јан Амос Коменски“.
Повеќе од 40 деца и млади, кои со месеци вредно работеа и посетуваа проби три пати неделно, ја оживеаја оваа безвременска приказна преку актерска игра, музика, танц и впечатлива костимографија. Посебна радост беше да се видат насмевките и воодушевувањето кај учениците кои ја проследија изведбата.
🙏 Искрена благодарност до Општина Карпош за финансиската поддршка на проектот во рамки на Програмата за еднократна парична помош за проекти од културата. Благодарение на оваа поддршка, на децата и младите им беше овозможено да создаваат, учат и растат преку уметноста, а на најмладата публика да ѝ се доближи светот на мјузиклот и театарот.
Благодарност и до ООУ „Јан Амос Коменски“, до родителите, наставниците, креативниот тим и сите учесници кои придонесоа овој настан да биде вистинска прослава на детската креативност и сценската уметност.
❤️ Продолжуваме да создаваме можности за децата и младите да ги развиваат своите таленти и љубовта кон културата.
#КреоАксис #УбавицатаИЅверот #ОпштинаКарпош #КултураЗаДеца #Мјузикл #ДетскоТворештво