Мрежа 23/Network 23

Мрежа 23/Network 23 Мрежа на граѓански организации за следење и евалуација на Поглавјето 23: правосудството, борбата против корупцијата и темелни права.

Проектот „Мрежа 23“ има за цел да го унапреди влијанието на граѓанските организации во процесот на пристапување во Европската унија преку активно вклучување во следењето и евалуацијата на политиките и спроведувањето на законодавството на ЕУ, со фокус на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Проектот нуди унапредување на капацитетите на граѓанските организации преку формирање иновативни мре

жи и партнерства за постигнување поголемо влијание врз клучните реформски процеси во земјата. Со проектот се обезбедува вопоставување соработка помеѓу граѓански организации кој дејстуваат на централно и локално ниво и реализација на грантова шема за избрани организации.

Специфични цели на Мрежа 23
- Да се воспостави структурирана координацијата помеѓу граѓанските организации во однос на спроведувањето на Поглавје 23 – Правосудство и темелни права во контекст на примената на европското законодавство;
- Да се зголеми капацитетот на граѓанските организации за вмрежување и за следење и евалуација на политиките од Поглавје 23 на национално и локално ниво;
- Да се влијае на процесот на креирање политики преку координирана мрежа;
- Да се подигне свеста за значењето на Поглавјето 23 за целокупниот напредок во процесот на пристапување;

Крајни корисници:
Засегнатите страни клучни во процесот на пристапување, вклучително владините институции (Секретаријат за европски прашања, Министерство за правда, итн.), Собранието на Република Македонија (Комисијата за европски прашања, Националниот Совет за евро-интеграции) професионални здруженија, Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

Очекувани резултати:
Р1: Воспоставување на целосно функционална мрежа за следење и евалуација на спроведувањето на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права во контекст на европското законодавство;
Р2: Зголемување на капацитетите на граѓанските организации за следење и евалуација на политиките од Поглавјето 23;
Р3: Подготвување на опции за јавни политики;
Р.4: Подобрување на разбирањето на Поглвавје 23 и значењето врз севкупниот процес на преговори.

Главни активности:
1. Меморандум за соработка на партнерските организации и развивање на Македонија – ЕУ Ресурсен Центар (МЕРЦ) – Поглавје 23 и прелиминарна анализа на потребите на граѓанските организации активни во областа на демократијата и владеење на правото;
2. Отворен повик за учество на граѓански организации во грантова шема и развој на обука за за следење, евалуација и застапување во рамки на Поглавје 23 и наменско менторство за граѓанските организации и развивање на специфични вештини и размена на најдобри практики;
3. Развивање на методологија за граѓанските организации за следење и евалуација на политиките од Поглавје 23 и вградување на придонесот од грантистите во анализа на спроведувањето на Поглавјето 23 и разработка на опции за јавни политики;
4. Активности за дисеминација на проектните резултати.

Повик за учество во онлајн фокус група!ЕПИ ве кани да учествувате во оналјн фокус група во врска со подобрување на МК-ЕУ...
23/12/2025

Повик за учество во онлајн фокус група!
ЕПИ ве кани да учествувате во оналјн фокус група во врска со подобрување на МК-ЕУ Ресурсниот центар (merc.org.mk).
Целта на фокус групата е да се чујат ставовите на граѓаните за функционалностите на МЕРЦ, како и да се добијат предлози и идеи за идни ажурирања на платформата со цел подобрено користење.
📅29 декември
🕛 12:00
💻 Zoom
За учество во фокус групата следи паричен надомест.
Повеќе информации и пријава: https://www.merc.org.mk/aktivnost/76/otvoren-povik-onlajn-fokus-grupa-za-funkcionalnosta-na-mercorgmk

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеење на правото во насока на пристапувањето во ЕУ.....

Address

Antonie Grubisic 2/2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38923280100

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Мрежа 23/Network 23 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Мрежа 23/Network 23:

Share

Кои сме ние?

Мрежа 23 се состои од здруженија на граѓани кои во своите редовни активности ги следат и ги евалуираат политиките од Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права и ги застапуваат своите ставови и предлози во овие области пред јавните власти.

Активностите на организациите членки и на целата Мрежа 23 се со цел да се:

(а) поттикне јавната дебата во Република Македонија за прашањата од областа на правосудството и на темелните права, покриени со Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ;

(б) да се обезбеди влијание врз јавните власти и пошироката јавност, врз основа на истражување и на застапување базирано врз докази и аргументи;