Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association

Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association, Non-Governmental Organization (NGO), Ulica Donbas br. 14 1-6, Skopje.

Macedonian Young Lawyers Association (MYLA) is an independent, non-profit, professional organization which provides legal aid and strategically litigates to protect human rights.

Светскиот ден на животната средина го одбележавме со учење, поврзување и работа со заедниците.Во Стразбур разменивме иск...
12/06/2026

Светскиот ден на животната средина го одбележавме со учење, поврзување и работа со заедниците.

Во Стразбур разменивме искуства со организации и активисти од цела Европа и разговаравме за иницијативата правото на здрава животна средина да добие посилна заштита во рамки на Европската конвенција за човековите права.

Дома, преку работилници со локалните заедници, ги споделуваме механизмите што им овозможуваат на граѓаните да пристапат до информации, да учествуваат во процесите на одлучување и да ги користат правните алатки за заштита на животната средина.

Во Загреб ги зајакнавме знаењата за механизмите за отчетност на меѓународните финансиски институции и можностите што им стојат на располагање на заедниците кога проектите што тие ги финансираат имаат еколошки или социјални последици.

За нас, заштитата на животната средина не е тема што се отвора еднаш годишно, туку право што секојдневно треба да се унапредува и штити. 💚

Од 12 јуни 2026 година започнува примената на новиот Пакт на ЕУ за миграција и азил, најголемата реформа на европскиот с...
11/06/2026

Од 12 јуни 2026 година започнува примената на новиот Пакт на ЕУ за миграција и азил, најголемата реформа на европскиот систем за азил и миграција во последните години.

Новата рамка носи побрзи постапки, задолжителен скрининг на надворешните граници и нови правила за управување со миграцијата, но истовремено отвора сериозни прашања за заштитата на човековите права.

⚖️ Дали ќе се обезбеди вистински пристап до правна помош?
⚖️ Дали независниот мониторинг ќе биде навистина независен?
⚖️ Дали мерките за спречување на секундарните движења ќе доведат до почеста употреба на имиграциски притвор?

Иако Пактот се применува во Европската Унија, неговите последици ќе се почувствуваат и во земјите од Западен Балкан, особено поради пошироката примена на концептот на „безбедна трета земја“.

Како членка на European Council on Refugees and Exiles (ECRE) , Македонското здружение на млади правници ги следи овие процеси и ја споделува позицијата дека успехот на реформата ќе се мери не само со ефикасноста на постапките, туку и со тоа дали фундаменталните права ќе бидат реално заштитени во пракса.

🔗 Прочитајте повеќе на https://myla.org.mk/52116/
🇬🇧 https://myla.org.mk/en/52118/

На 12 јуни 2026 година, започнува со примена Пактот на Европската Унија за миграција и азил, најобемната реформа на европскиот систем за азил и миграција во

10/06/2026

Комисија за спречување и заштита од дискриминација заслужува членови со докажана експертиза, а не само формално исполнети услови.

Нашата колешка Jasna Orovcanec Arangelovik повеќе од 15 години професионално работи во областа на заштитата од дискриминација. Од застапување на едни од првите случаи за дискриминација пред судовите, преку учество во подготовка на законски решенија и јавни политики, до обуки на институции и стратешко застапување.

Веруваме дека токму ваквото искуство, докажаната експертиза и личниот интегритет треба да бидат водечки критериуми при изборот на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Затоа со гордост го споделуваме нејзиното претставување и веруваме дека јавноста има право да види како изгледа кандидатура изградена врз знаење, долгогодишна работа и вистинска посветеност на човековите права.

05/06/2026
🌿 Граѓаните од Источниот плански регион се запознаа со можностите за активно учество во заштитата на животната средина н...
05/06/2026

🌿 Граѓаните од Источниот плански регион се запознаа со можностите за активно учество во заштитата на животната средина на работилницата „Граѓанско учество и заштита на правото на здрава животна средина“.

Учесниците дискутираа за локалните еколошки предизвици, добија информации за правните механизми за заштита на животната средина и се запознаа со начините на кои можат да бараат информации, да учествуваат во процесите на донесување одлуки и да пријавуваат еколошки проблеми.

Во рамки на работилницата беше претставен и практичен водич за учество на јавноста во заштитата на животната средина, кој содржи корисни насоки за пристап до информации, учество во постапки и користење на механизмите за правна заштита.

Работилницата е организирана од Македонското здружение на млади правници и Милеуконтакт Македонија и е прва од серијата работилници што ќе се одржат во сите осум плански региони низ државата.

Работилницата се одржува во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“, кој е поддржан од AFD - Agence Française de Développement и , а се спроведува од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во партнерство со "Milieukontakt Macedonia" (member of Milieukontakt International Network), Центар за правни истражувања и анализи и Center for Environmental Democracy - Florozon .

Денес во Гевгелија, преку мултисекторската работилница „Јас и системот за правда за деца“, разговаравме за предизвиците ...
20/05/2026

Денес во Гевгелија, преку мултисекторската работилница „Јас и системот за правда за деца“, разговаравме за предизвиците и улогата на секоја институција во заштитата на децата — од деца во ризик и деца жртви, до деца во судир со закон и деца странци. Работилницата беше реализирана про боно и на барање на Центарот за социјална работа Гевгелија, со цел зајакнување на локалната мултисекторска соработка и капацитетите на институциите што работат со деца.

На работилницата учествуваа претставници на ЦСР Гевгелија, судии за деца, јавни обвинители, полициски службеници, претставници на основни и средни училишта, претставници на општината, кои преку заедничка дискусија и практична размена на искуства.
Во фокусот на работилницата беше потребата од поефикасна мултисекторска соработка и заедничко постапување, секогаш водејќи се од најдобриот интерес на детето.
Само преку поврзан систем и силна локална соработка можеме да обезбедиме вистинска поддршка и заштита за секое дете.

18/05/2026
12/05/2026

Иднината на правото се пишува сега. Ќе бидеш ли дел од неа?

Со новото издание на „Правен фокус“, МЗМП отвора простор за млади правници да пишуваат за дигиталните права, предизвиците и иднината на правниот систем.

✍️ Поднеси концепт и стани дел од генерацијата што ќе го обликува правото во дигиталната ера.
📅Рок за аплицирање: 10.06.2026
👉 Повеќе информации на https://myla.org.mk/pravenfokussedumpovik/

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) го подготвува списанието „Правен фокус" во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Embassy of the Netherlands in North Macedonia .

11/05/2026

Кога ќе се спојат млади луѓе и простор за искрен разговор, се создава енергија што се трасформира во идеи и иницијативи што секој млад човек ги носи назад во својата заедница.

Младинската школа за родова еднаквост беше организирана во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост“, имплементиран од Центар за правни истражувања и анализи со Македонското здружение на млади правници, со поддршка на Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas .
Embassy of Switzerland in North Macedonia

Address

Ulica Donbas Br. 14 1-6
Skopje
1111

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association:

Share