12/01/2026
https://bidichovek.org.mk/2026/01/12/promocija_zbirka_ogneniruzi/
Тина Чачоровска - психолог: „Да се биде сведок на раѓањето на еден ваков млад автор е вистинска привилегија. Лина Капсарова со голема храброст ги споделува своите мисли, сомнежи, љубови и стравови, создавајќи поезија која е искрена, ранлива и длабоко допирлива. Огнени ружи не е само книга, туку процес на растење, себеспознавање и одлука да се биде видлив – дури и кога тоа е тешко.“
На 11 јануари, со почеток во 12:00 часот, во The Dude Specialty Coffee во Скопје, се одржа промоција на поетската збирка „Огнени ружи“ од младата уметница и поетеса Лина Капсарова (Kiara Kore-Laurentis)
Настанот се реализираше во организација на здружението „Биди Човек“, во рамки на иницијативата „Иницирај промена! Креирај гласно“, чија цел е охрабрување на младинскиот глас, емоционалната писменост и креативното изразување како чин на лична и општествена храброст.
Промоцијата беше збогатена со поетски рецитал, при што стихови од книгата интерпретираше