11/06/2026
Признание за НајГЛАСниот ученички совет за 2025/2026! 📣
Во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово ја доделивме наградата „НајГЛАСни!“ за најактивно ученичко учество.
На средбата разговаравме со претставници на Ученичкиот совет, наставниот кадар и директорката за важноста на ученичкото учество — како можност учениците да ја развиваат свеста за своето влијание и активно да придонесуваат кон позитивни промени во училиштето и заедницата.
💙Честитки до Илина, Матеј, Лука и до сите активни и посветени ученици кои придонесуваат гласот на учениците да биде слушнат.
Вие сте пример што инспирира. Останете гласни! 👏
🤝 Фондација Конрад Аденауер, LEAD и Министерството за образование и наука ја доделуваат оваа награда како признание за вашата активност и труд во зајакнување на ученичкиот глас.