Мисијата на здружението е да го промовира почитувањето на правото на заштита на личните податоци на секое физичко лице преку градење и јакнење на системот на офицери за заштита на личните податоци и капацитетот во согласност со легислативата од областа на заштита на личните податоци на Европската унија, ратификуваните меѓународни договори и прописите за заштита на личните податоци.
Основни цели н
а Здружението се:
• подигање на компетенциите на офицерите за заштита на личните податоци преку организирање на активности (на пример форуми и конференции) за дискусија по прашања од областа на заштита на личните податоци.
• формирање на мрежа за размена искуства на офицерите за заштита на лични податоци.
• подигање на свесноста кај одговорните во контролорите и обработувачите за заштита на личните податоци, но и на општата јавност за значењето и влијанието на заштитата на личните податоци во секојдневниот живот на граѓаните.
• Покренување иницијативи и предлози, пред надлежните државни органи за усвојување на нова или измена и дополнување на постоечката легислатива од областа на заштита на личните податоци.