16/07/2026
УНИКАТ на втората транснационална средба на Erasmus+ KA220-SCH проектот „OSLE“
Во периодот 22–26 јуни 2026 година, претставници на Здружението УНИКАТ – Скопје учествуваа на втората транснационална средба во рамките на проектот Enhancing English Language Education Through Out-of-School Learning Environments (OSLE), која се одржа во Коимбра, Португалија, со домаќин Martim de Freitas School.
За време на средбата, партнерите од Турција, Португалија, Северна Македонија и Италија работеа на развој на проектните резултати, подготовка на примерни наставни сценарија, размена на добри практики и планирање на идните активности во рамките на проектот.
Средбата опфати и студиски посети и културни активности, кои придонесоа за зајакнување на меѓународната соработка и интеркултурната размена.
УНИКАТ останува посветен на промовирање на иновативно, инклузивно и квалитетно образование преку меѓународни партнерства и Erasmus+ проекти.