ЕМСА - Македонија е невладина, непрофитна, студентска медицинска организација, која е исто така полноправна членка на ЕМСА - Европа. Работи на полето на неформалното медицинско образование, јавното здравство, медицински научни истражувања, Европска интеграција и размена на студенти преку твининг проекти.
Во јадрото на нашата организација се пет столба кои ја градат базата од која ние работиме.
Столбовите се:
1.Медицинска Едукација - со проекти како „Мече Болница“ и „Европска Недела на Образование“, овој столб се темели на неформалната медицнска едукација на студентите по медицина.
2. Медицинска Наука - се темели на популаризирање на науката и истражувањето помеѓу студентите по медицина преку проекти како „Secret Science Club“ и „Ask an expert“.
3. Јавно Здравство - столб чија што цел е да го унапреди животниот стил на студентите преку проекти-кампањи за подигање на свеста кај граѓаните за дадена тема од областа на медицината, со проекти ,,Medical mission" и ,,Stay negative".
4. Етика- со проекти, етички трибини на теми поврзани со медицинска етика со цел да се развие мислење за некоја тема, со проекти ,,Break free" и Етичко катче.
5. Европска Интеграција - интегрирање на Македонските студенти по медицина во Европската средина преку Твининг проекти и „EuroTalk“.