Здружение Чеган

Здружение Чеган „Може домот да изгори, може границата да се помести —
но коренот не се губи. Тој живее во срцето.“ ❤️

Чеган е гласот на нашите предци, носител на нашата културна меморија и сила за иднината. Заедно чуваме и негуваме се што не поврзува, со надеж и достоинство.

Здружение Чеган:
Претседател-
Подпретседател-
Секретар-Ѓорѓи Гацевски
Благајник-Љупчо Пасковски
Член на УО-Аница Златевска
Член на УО-Лефка Гацова
Член на УО-Фанка Попова
Член на УО-Панде Кроневски

Една година… а болката е иста.63 млади животи згаснаа прерано.63 семејства останаа со празнина што никогаш нема да се по...
16/03/2026

Една година… а болката е иста.

63 млади животи згаснаа прерано.
63 семејства останаа со празнина што никогаш нема да се пополни.
63 соништа што никогаш нема да се остварат.

Тие не беа бројка. Тие беа нечии деца, нечии пријатели, нечии најголеми радости. И зад секое име стои приказна, љубов и живот што требаше допрва да се живее.

Денес не само што тагуваме – денес се сеќаваме.
На нивната младост. На нивните насмевки. На нивната светлина.

Никогаш да не бидат заборавени.
Вечна им слава на 63-те млади души. 🕊️

Денес положивме  свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Чакаларов во Скопје и  ја одбележиме 152-годишнината од ...
21/02/2026

Денес положивме свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Чакаларов во Скопје и ја одбележиме 152-годишнината од раѓањето на големиот костурски војвода.
📅 21 февруари (сабота)
🕚 11:00 часот
Настанот е во организација на здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, кои со овој чин оддаваат достојна почит кон неговото дело и историски придонес.

Здружението Чеган ги повикува своите членови и сите почитувачи на македонската револуционерна историја со положување све...
19/02/2026

Здружението Чеган ги повикува своите членови и сите почитувачи на македонската револуционерна историја со положување свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Чакаларов во Скопје свечено да ја одбележиме 152-годишнината од раѓањето на големиот костурски војвода.

📅 21 февруари (сабота)
🕚 11:00 часот

Настанот е во организација на здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, кои со овој чин оддаваат достојна почит кон неговото дело и историски придонес.

МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ СО БИБЛИСКО СРЦЕ И ГЛАС НА ПРАВЕДНИЦИТЕ се двете нови книги на Ставре Џиков кои ги поклони на З...
12/02/2026

МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ СО БИБЛИСКО СРЦЕ И ГЛАС НА ПРАВЕДНИЦИТЕ се двете нови книги на Ставре Џиков кои ги поклони на Здружение Чеган.
Мотивот да ја издаде „Македонија и Македонците со библиско срце“ авторот го наоѓа во желбата да ја прикаже земјава низ една христијанска слика, но и духовната поврзаност на христијанството и исламот како богатство за Македонија. Втората книга ја издава во чест и од почит кон починатиот професор по кривично право Ѓорѓи Марјановиќ.
https://mia.mk/story/%D0%B4%D0%B2%D0%B5-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5-%D1%9F%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D1%80%D1%86%D0%B5-%D0%B8-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5mEb

https://www.facebook.com/photo/?fbid=875351418585279&set=a.124752913645137
16/01/2026

https://www.facebook.com/photo/?fbid=875351418585279&set=a.124752913645137

Серијата на интервјуа продолжува со Павел Антевски, играч кој веќе три години е дел од нашиот клуб и кој сезонава настапува за помладите пионери..🔴⚫️

👍Еден од најстандардните во составот на генерацијата 2010, играч кој го отсликува борбеноста и победничкиот карактер.

Запознајте го Павел Антевски, во продолжение од интервјуто⬇️⬇️

👉1. На колку години започнавте да тренирате фудбал и каде беа вашите први почетоци ?

Антевски: 💬Со фудбал започнав на шест годишна возраст во фудбалската школа „Спорт Ефе“. Таму ги научив основите и уште тогаш ја засакав играта. Веќе три години сум дел од младинската Академија на ФК Вардар, што за мене е голем чекор напред и мотив да работам уште повеќе.

👉2. Пред две години успеавте со генерација 2010 да завршите како првопласирани во својата група на регионална скопска лига. Едно ваше видување за таа сезона, дали пред почетокот на истата верувавте дека ќе завршите на врвот ?

Антевски: 💬На почетокот бевме нов тим составен од играчи од две-три екипи и немавме големи очекувања. Но, како што одминуваше сезоната, почнавме сè подобро да функционираме како целина.Се создаде добра атмосфера и тимската игра стануваше се подобра.Тоа беше клучот за успесите и победите кои се нижеа за на крајот да стигнеме и до самиот врв.

👉3. Која е омилената позиција на теренот на која најмногу сакате да играте ?

Антевски: 💬Најдобро се чувствувам во средината на теренот, каде што имам најмногу контакт со топката и можам да го контролирам темпото на играта. Верувам дека можам да одговорам на повеќе позиции и секогаш сум подготвен да бидам таму каде што е потребно. Во моментов играм дефанзивна улога на позицијата лев бек и мислам дека добро одговарам на барањата и довербата на тренерот.

👉4. Сезонава со помладите пионери завршивте како третопласирани во есенскиот дел од сезоната, како ја видовте изминатата полусезона, дали сметате дека моменталниот пласман е реален за вашиот тим ?

Антевски: 💬Сметам дека моменталниот пласман не ги отсликува нашите вистински квалитети и можности. Имаме квалитетна екипа, но сè уште се вклопуваме како тим, бидејќи дел од играчите ни се приклучија неодамна. Имавме два нерешени натпревари во кои едноставно не одигравме на нашето ниво, како и еден пораз одигран во многу тешки услови ,на лош терен.

👉5. Што претставува за вас играњето во црвено-црниот дрес, кој е синонимот кој ве асоцира на Вардар ?

Антевски: 💬За мене играњето во црвено-црниот дрес е голема привилегија и исполнување на детскиот сон. Вардар го сакам од мал и од секогаш сум навивал за него. За мене е синоним за големина, борбеност и највисоки фудбалски стандарди. Тоа не е само фудбалска екипа, туку една голема фамилија. Да се биде дел од таков клуб значи и обврска, секогаш да го даваш својот максимум и да го носиш дресот со гордост.

👉6. Дали Павел има некој посебен ритуал пред натпревар ?

Антевски: 💬Немам некој посебен ритуал, но кога влегувам во игра секогаш се прекрстувам. Важно ми е да бидам психички и физички подготвен, фокусиран и смирен. Обично станувам порано, се подготвувам без брзање и се концентрирам само на натпреварот.

👉7. Се здобивте со повреда на последниот есенски првенствено натпревар. Како се чувствувате за каква повреда се работи и дали ќе го видиме Павел назад на терените ?

Антевски: 💬На последниот натпревар се повредив, но за среќа, не станува збор за ништо сериозно. Немам ништо скинато и не е потребна операција. Се работи за стрес фрактура, односно повреда која бара одмор и соодветна рехабилитација. Веќе се чувствувам подобро и со дисциплина и трпение се надевам на брзо враќање на терените.

👉8. Со три збора опишете го вашиот тим ?

Антевски: 💬Борбеност, квалитет, потенцијал

👉9. Што сака најмногу да правите во слободно време ?

Антевски: 💬Во слободно време сакам да се дружам, да гледам фудбалски натпревари, филмови и да одмарам.

👉10. Кои се очекувањата ваши за пролетниот дел од сезоната во првенството и Купот ?

Антевски: 💬Очекувам да играме тимски,доминантно и на повисоко ниво, да ги следиме инструкциите на тренерот и да го покажеме вистинскиот квалитет. Нашата цел е врвот на табелата и освојување на Купот.

👉11. Наброј три работи кои според вас се најважни за правилен развиток во професионален фудбалер ?

Антевски: 💬Најважни се дисциплината, посветеноста и истрајноста. Исто така, голема улога имаат и почитта кон тренерите и соиграчите.

👉12. Која е целта која сакате во иднина да ја остварите со фудбалот ?

Антевски: 💬Во моментов фудбалот го играм од љубов и затоа што ме прави среќен, а во иднина посакувам професионална кариера.

Среќна Нова Година! 🎉Здружение Чеган им посакува на сите здравје, среќа и успех во новата година. Во 2026 продолжуваме с...
01/01/2026

Среќна Нова Година! 🎉
Здружение Чеган им посакува на сите здравје, среќа и успех во новата година. Во 2026 продолжуваме со нови активности, проекти и иницијативи за доброто на заедницата, со уште поголема посветеност и заедништво. ✨

📢 Почитувани членови на Здружение Чеган,Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на промоцијата на с...
11/12/2025

📢 Почитувани членови на Здружение Чеган,

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на промоцијата на стихозбирката „Моите мечти и љубов“ од авторката Биљана Тодоровска Димулкова.

Ве очекува пријатна литературна вечер исполнета со емоции, инспирација и убави стихови.
Да ја поддржиме домашната поезија и заедно да ги прославиме новите творечки успеси! ✨📚

Добредојдени сте! ❤️

06/12/2025

Деновиве во Здружение Чеган ни се јави една девојка од Битола, која денес живее во Австралија. Доаѓаше со една искрена желба – по многу години да открие каде е погребан нејзиниот прадедо Пандиле, кој починал и бил погребан во Скопје во 80-тите години.

Нашиот секретар, Ѓорѓи Гацевски, веднаш се вклучи и ја поврза со Олга Ковчегарска (Гулева), која пак направи контакт со бабата на девојката Лена Гулева. Благодарение на нивната добра волја и поддршка, отидоа на гости кај бабата ѝ помогнаа на девојката конечно да добие информации како починал нејзиниот прадедо.

Горди сме што како здружение можеме да помогнеме во моменти кога спомените, корените и семејните приказни повторно се спојуваат — дури и кога животот ќе нè однесе на друг крај од светот. Човечноста и солидарноста навистина немаат граници.

Address

БУлица Кузман Ј. Питу/15
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение Чеган posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share