OSMTH-Macedonia

OSMTH-Macedonia NON NOBIS DOMINE, NON NOBIS, SED NOMINI TUO DA GLORIAM - НЕ ВО НАШЕ ИМЕ ГОПОДЕ, Н? S.E.A. Dom.

Врховниот Воен Ред на Храмот на Ерусалим (ORDO SUPREMUS MILITARIS TEMPLI HIEROSOLYMITANI – O.S.M.T.H.), е традиционален, христијански, вселенски, космополитски, независен и неполитизиран меѓународен Ред, кој се раководи според следните врвни акти: Правилата напишани од Св. Бернар; Свиток на преданието, создаден од 23-от Велик Магистар Ф. Јохан Лаермениус на 13-ти Февруари 1324 год. и потпишан од п

оследоватените Велики Магистри, Општиот Устав - применет на општиот капитул во Версај 1705 год., Уставот од 1947 год. прикажан во Протоколот од 27 Ноември 1946 год., Магистралните декрети, преработени и осовременети во уставот на Редот.
Врховниот Воен Ред на Храмот на Ерусалим (ORDO SUPREMUS MILITARIS TEMPLI HIEROSOLYMITANI – O.S.M.T.H.) се смета за законски, историски и директен наследник на древниот Ред на Храмот, основан во 1118 год. од деветтемина Витези основатели. Според правилата на Редот, модерното Темпларство активно партиципира во креирање на еден свет каде сите човечки битија треба комплетно да се реализираат во хармоничен сооднос сами со себе и со својот дух, да постигнат рамнотежа со сите свои можности, обврски и одговорности. Темпларот ги овековечува чесните морално – етички традиции на античкото витештво. Тој ги брани стекнатите слободи, промовира неопходни реформи, практикува милосрдие, љубов и респект кон другиот.
Една од најважните форми на “воведување”, попозната и практикувана од Редот, е Светата Тајна на Крштевањето во името на нашиот Бог Исус Христос. Титулите, давани од редот, се дел од јавни церемонии или служби на кои што присуствува христијански свештеник. Титулата се доделува на членовите за препознавање на нивната решителност со која ги исполнуваат обврските кои што се определени во Уставот на Редот и нивната сеприсутност во неговата мисија. Титулите и називите се даваат преку прием на постуланти, воздигнувањето во Витешкиот степен како благородни служители и пазители на Христијанската Вера и како наследници и пазители на витешките принципи, духот и вредностите. O.S.M.T.H. до извесен степен ги надминал строгите монашки црти, така што некогашните ветувања за сиромаштво и милосрдие сега се заменети со цврста решителност де се исполнува, зацврстува и популаризира благодарителноста како и да се живее чесно, според заветите на нашата добра Христијанска традиција, во парови или единечни според слободниот избор.
Заклетвата за молчење укажува на сочувување на претпазливоста и содржаноста на внатрешните дела на Редот и се подразбира како форма на дисциплина, употребена и воспримена во секоја современа организација.
Како добри христијани, кои што ги осознаваат и восприемаат принципите, запишани во Светите Евангелија, O.S.M.T.H. е организиран како штит околу Христијанските цркви. O.S.M.T.H. се стреми да даде свој искрен светски придонес во работата и делата на Црквите, кои што ги запазуваат законите и делувањата на властите во соодветна земја во која што дејствува. Командеријата Св. Наум Охридски безрезервно се залага за секој/а темплар/дама и ангажирано нуди морално-братска и христијанска подршка и со длабок респект ги носи и понесува високите вредности наследени од древните редови и витези. Во Македонија O.S.M.T.H. се базира како невладина аполитична организација со непрофитабилен карактер, преку Приоратот на Скопје, кој што е основан врз Maгистралните декрети издадени од Великиот Магистер на O.S.M.T.H. FERNANDO PINTO PEREIRA DE SOUSA FONTES - MAGNUS MAGISTER et PRINCEPS REGENS . Тие го признаваат нашето право да го представуваме редот во нашата земја.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when OSMTH-Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share