07/05/2026
📊Половина од проблемите кои граѓаните ги споделуваа со нас изминативе месеци, воопшто не се наоѓаат во изборните програми на нивните градоначалници. Ова го покажа анализата која вчера ја презентиравме на јавна дебата во Берово.
📢На настанот, на кој учествуваа граѓани и претставници на општини од Источниот Регион беше организирана и работилница за важноста и потребата од медиуми на заедницата, а ја презентиравме и платформата „Локал Актив“, која низ спој на новинари и активисти информира и се залага за решавање на најважните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од регионот.
📌Повеќе прочитајте на линкот во коментар 👇