04/03/2026
Приказната за логото на Здружението за истражување на градот - ГРАДОТ УБАВ
▪️▫️Едноставно - нашето лого е инспирирано од скопската калдрма со коцка, која речиси исчезна од од овој град, неуко прогласена како непрактична и несоодветна за брзиот стил на живот.
🌏 ГРАДОТ УБАВ ги доживува градовите како мрежа од луѓе, места и приказни. Градот како мрежа од односи, а секоја коцка може да е човек, куќа, маало, приказна… Како калдрма составена од различни камени коцки, иако суштински исти, градот е колективна структура која мора да има заедничка грижа, знаење и делување. Калдрмата во градот го означува јавниот простор, улиците, движењето и поврзувањето, локалниот идентитет, меморијата, традицијата, трајноста… сето тоа поврзано во едно. Сите заедно се во еден круг кој ја претставуваа заедницата, светот, универзумот… Градот е жив, не е само структура, форма, геометрија, туку мозаик од настани и судбини.
И ние сме градот! Замислете град без мажи, или без жени, или без деца… Без стари и млади? Град без јавен простор, град без зеленило, град без воздух… Можно ли е?! Тоа не би било град, туку нешто што би можело да се нарече не-место во кое животот би бил предизвик.
🌹 Во месец март го менуваме нашето лого и од една камена коцка на нашата калдрма никнува црвен трендафил како симбол на жените, без кои животот би бил невозможен.