28/04/2026
Ова е само еден од секојдневните ужаси кои се случуваат во македонските училишта!
Многу имаме зборувано на тема булинг и имаме работено низа проекти и работлници на таа тема!
Постојано напоменуваме дека проектите не се доволни, и зборувањете не е решение!
Решението мора да е систематско и да доаѓа од институциите!
Да почнеме со едукација во училиштата, час за општествена одговорност, емпатија, филантропија, и однесување! Тоа мора да е задолжителен час како што е во скоро сите земји во Европа!
Па да продолжиме со задолжителна сериозна психолошка проценка дали секое дете може да посетува редовна настава, па се до тоа дали тоа е закана за околината, проценка на родителите и од каде потекнува агресијата кај децата, и во се ова мора да се сериозно вклучени институциите, социјални служби, медицински лица и просветни работници!
Проблемот е што немаме систем на соработка на тие институции меѓусебно!
Ова не се изолирани случаи, ова во училиштата стана секојдневие!
А дали знаете кои деца се најчестите жртви на врснички булинг?!
Децата во социјален ризик !
Зошто си така облечена,
зошто смрдиш,
гадна си со тие искинати патики,
немаш пари за појадок,
никој не те сака!
Ова е само дел од она со кое децата се соочиваат секој ден!
А вие родители, отворете очи какви вистински се вашите деца, какви деца сте воспитале или не-воспитале! Не бидете слепи! Секогаш има можност да се поправи грешката!
Државава ќе мора КОНЕЧНО да превземе нешто!
Додека не стане прекасно!
Ако не е веќе прекасно!