Абилити - Центар за поддршка на семејства на деца со попреченост

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Абилити - Центар за поддршка на семејства на деца со попреченост
Call Directions Contact the organization

Абилити - Центар за поддршка на семејства на деца со попреченост Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Абилити - Центар за поддршка на семејства на деца со попреченост, Киро Гавриловски бр. 3, Капиштец, Skopje.

Меѓународен ден на знаковните  јазици 🤟🏻„За прв пат Меѓународниот ден на знаковните јазици се прославуваше на 23ти септе...
23/09/2026

Меѓународен ден на знаковните јазици 🤟🏻

„За прв пат Меѓународниот ден на знаковните јазици се прославуваше на 23ти септември минатата, 2018 година на тема: „Со знаковен јазик, сите се вклучени!“ Според Светската федерација на глуви, има околу 72 милиони глуви луѓе ширум светот. Повеќе од 80% од нив живеат во земји во развој. Колективно, тие користат повеќе од 300 различни знаковни јазици.

Знаковните јазици се целосно природни јазици, структурно различни од говорните јазици. Постои и меѓународен знаковен јазик, кој го користат глувите лица на меѓународни состаноци и неформално, кога патуваат и се дружат.

Конвенцијата за правата на лицата со попреченост ја признава и промовира употребата на знаковните јазици. Јасно е дека знаковните јазици се еднакви во статусот на говорните јазици и ги обврзуваат државитe да го олеснат учењето на знаковниот јазик и да го промовираат лингвистичкиот идентитет на глувите заедници.

Резолуцијата со која се утврдува денот признава дека раниот пристап до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик, вклучително и квалитетно образование достапно на знаковен јазик, е од суштинско значење за растот и развојот на глувите лица и е клучно за постигнување на меѓународно договорените развојни цели. Ја препознава важноста на зачувувањето на знаковните јазици како дел од јазичната и културната разновидност. Исто така, се нагласува принципот „ништо за нас, без нас“ во однос на работењето со глувите заедници."

🤟❤️ На 23 септември од 18:00 часот ве покануваме на неформална дружба и мала работилница за знаковен јазик.

Не мора да знаеш знаковен јазик – доволно е да имаш желба да научиш нешто ново и да запознаеш нови луѓе! 🙌

📅 23 септември
🕕 18:00 часот
📍 Парк – кај Школка

Почитувани родители,Со цел да го олесниме пристапот до стручни лица за стимулација и третман во домашни услови и поддршк...
07/08/2026

Почитувани родители,

Со цел да го олесниме пристапот до стручни лица за стимулација и третман во домашни услови и поддршка на децата со развојни задоцнувања или попреченост во градинките, го креиравме овој формулар во кој треба да ги наведете сите информации поврзани со потребите на вашето семејство.

Информациите ќе бидат објавени на официјалната страна во форма на оглас за работа, а потоа ќе ви бидат испратени контакт телефони и информации за работното искуство на стручните лица кои се заинтересирани за работа со вашето семејство.

Вашите лични информации не се објавуваат јавно и ќе бидат избришани од овој формулар откако ќе биде пронајдена личност која може да одговори на потребите на Вашето семејство.

За подетални информации контактирајте не на
тел: 077/615-163

Почитувани родители, Со цел да го олесниме пристапот до стручни лица за стимулација и третман во домашни услови и поддршка на децата со развојни задоцнувања или по....

15/12/2025

Семејството на 12 годишно момче има потреба од машко лице за поддршка во домот во нас. Центар.

Момчето е весело и хиперактивно, сака постојани прошетки надвор и возење со автобус. Личноста во координација со семејството ќе треба да организира прошетки и активности надвор, земање од дефектолог и сл. Семејството има дополнителен простор за активности во затворено во нас. Капиштец.

Работно време:
понеделник до петок од 16 до 20 часот

Сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот на следниот линк:
https://forms.gle/8Amxba7gExWeqnySA

Семејството го задржува правото да ги контактира само оние апликанти кои смета дека можат да одговорат на нивните потреби.

Address

Киро Гавриловски бр. 3, Капиштец
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 19:00
Tuesday 08:00 - 19:00
Wednesday 08:00 - 19:00
Thursday 08:00 - 19:00
Friday 08:00 - 19:00

Telephone

+38977615163

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Абилити - Центар за поддршка на семејства на деца со попреченост posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Абилити - Центар за поддршка на семејства на деца со попреченост:

Shortcuts

Share