26/03/2024
Постојат различни видови на отпад, како на пример:
🏘 „Отпад од домаќинствата“ е отпад кој редовно се собира од домаќинствата, вклучувајќи го и отпадот што се остава на собирните места и собирните центри и одделно собраниот опасен отпад од домаќинствата, кабаст отпад, отпадот од градинарството и така натаму.
🚮 „Комунален отпад“ е отпадот од домаќинствата, како и друг отпад кој се создава во комерцијалниот и индустрискиот сектор кој поради неговите карактеристики, состав и количина е сличен со отпадот од домаќинствата.
🪨„Инертен отпад“ е отпадот што е отпорен и не подлежи на никакви значителни физички, хемиски или биолошки трансформации, не се раствора, не согорува и не реагира на друг физички или хемиски начин, не се биоразградува, а отпадот и неговиот исцедок не влијаат на друга материја со којашто доаѓаат во допир, на начин на кој може да ја загрозат животната средина, животот и здравјето на луѓето при што вкупното количество и содржина на загадувачките супстанции во отпадот и екотоксичноста на процедокот мора да биде незначителен за да не го загрозува квалитетот на површинските или подземни води.
👔 „Комерцијален отпад“ е секој друг отпад кој се создава од правните и физичките лица при вршење на комерцијални, индустриски, трговски, услужни, административни и слични дејности и е сличен по природа или состав со отпадот од домаќинствата (дејноста трговија на големо и мало, угостителски услуги и барови, канцеларии и пазари, како и остатокот од услужниот сектор).
🍃 „Биоразградлив отпад“ е секој отпад што може да биде разграден со анаеробни (без присуство на кислород) или аеробни (со присуство на кислород) процеси на разградба, како што се отпадот од храна или градинарски отпад, како и хартија и картон.
🫒„Био – отпад“ е биоразградлив градинарски отпад и отпад од паркови, храна и кујнски отпад од домаќинствата, ресторани, угостителски и малопродажни објекти и отпад којшто е споредлив со отпадот што се создава од преработувачките капацитети на храна, како и друг отпад со слични биоразградливи својства што е споредлив по природа, состав и количина.
🏗 „Градежен шут“ е отпад кој се создава при градење и рушење.
🏭 „Индустриски отпад“ е отпадот кој се создава во производствените процеси во индустријата и се разликува од комуналниот отпад според неговите карактеристики, состав и количество.
⚕️ „Медицински отпад“ е отпадот што се создава во здравствените установи и ветеринарните установи и настанува како производ на употребени средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенцијата на болестите кај луѓето и кај животните.
***************************
Активностите се во рамки на проектот „Зелена иднина: Зајакнување на младите за оддржливи решенија за управување со отпадот“, имплементиран од Здружението за индивидуален, организациски и општествен развој РАСТ И РАЗВОЈ Скопје, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини“ имплементиран од Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Go Green - Биди Зелен, Центар за климатски промени/Center for Climate Change, и Здружението на млади Младинска организација Креактив, а е финансиски поддржан од Delegation of the European Union, Skopje.
#ЕУзаТЕБЕ
#младинскиактивизам #запозелениопштини