22/08/2026
ALTERNATIVE CLUB. Алтернативната сцена конечно на едно место.
Алтернативната сцена до сега немаше единствено место на кое се објавуваат настаните, изданијата и повиците за соработка. Alternative Club е создадена за да го пополни тој простор.
КУЛТУРА Е НАСЛОВНА СТРАНА, НА СЕКОЕ ОПШТЕСТВО!
НАСТАНИ
Концерти, изложби, претстави и промоции. Означете „Ме интересира" и настанот автоматски се додава во вашиот календар.
СЦЕНА
Нови изданија од сцената: музика, албуми, видеа, книги, подкасти. Слушате и гледате директно во апликацијата. Со еден клик вашата уметност стигнува до сите корисници.
РАДИО
Домашните алтернативни фреквенции во живо, директно од апликацијата.
АРТИСТИ
Направете свој профил и дозволете другите да ве најдат. Музичари, бендови, диџеи, писатели, поети, ликовни уметници, фотографи, режисери, актери, танчери и дизајнери на едно место.
ОГЛАСИ
Побарајте тапанар за бендот, простор за проба, опрема или соработка. Местото каде сцената се поврзува.
ВЕСТИ
Културните вести од седум македонски медиуми, собрани и достапни без излегување од апликацијата.
Апликацијата е целосно на македонски јазик и е бесплатна за преземање и користење.
Сите можете самостојно да објавувате. Апликацијата ќе биде жива само доколку сцената ја полни со содржина.
Достапна за iPhone и Android преку линковите во био.
#македонскасцена музика уметност настани локалнасцена alternative alternativerock news culture култура